Рикардињо објави крај на својата импресивна кариера

Еден од најдобрите футсал играчи и сите времиња, Рикардињо, објави крај на 18-годишната професионална кариера.

„Денес дојдов за да објавам крај на еден циклус, иако оваа одлука многу ме боли. Без сомнение ова беше едно незаборавно и неверојатно патување и почнав да се навраќам на минатото, кога со 16 години почна оваа приказна во Рио Маиора. Знаев дека ќе бидам со најдобрите, ама не знаев дека сето ова ќе биде така совршено. Ова е најтешката одлука која сум ја донел во животот, но време е местото да им го отстапам на младите. На репрезентацијата и дадов се што можев. Јас сум горд Португалец и отсега ќе бидам најгласен навивач“, рече Рикардињо.

36-годишниот Рикардињо шест пати беше најдобар футсал играч во светот – во 2010, 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018 година.