Салах сруши рекорд, има најмногу пенал-голови во ПЛ

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Мохамед Салах, реализираше удар од 11 метри во натпреварот од 4-тото коло од англиската Премиер лига. Средбата против Барнли заврши со резултат 1-0 во корист на Ливерпул. Египетскиот интернационалец го постигна 35-от гол од пенал за Ливерпул во англискиотшампионат и го сруши рекордот на Били Лидел, кој имаше 34 гола од пенал.
Да потсетиме дека овој гол беше 188-ми на Салах во англиската Премиер лига, благодарение на што 33-годишниот фудбалер се искачи на четвртото место на листата на најдобри стрелци во историјата на првенството.
Ливерпул, предводен од Арне Слот, го доби четвртиот натпревар од почетокот на сезоната во Премиер лигата и е прв на табелата со 12 бода.