Саудиска Арабија ќе го организира и следниот Суперкуп на Италија

Фудбалскиот сојуз на Италија потврди дека следното издание на Суперкупот на оваа земја ќе биде исто како претходното.
Тоа значи турнир со полуфинале и финале, а одново домаќин се очекува да биде Саудиска Арабија. Овогодинешното издание беше прво со четири учесници, на кое трофејот го крена Милан.
„Росонерите“ одново се сигурен учесник на Суперкупот заедно со Болоња како финалисти во Копа Италија. На добар пат да си обезбедат „виза“ за Саудиска Арабија се првопласираните две екипи во калчото Наполи и Интер.
Одново се очекува турнирот да се одржи на стартот на новата година, а по крајот на сезоната би требало да бидат познати и паровите.