Скалони: Ќе биде тешко против Австралија

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, после пласманот во осминафиналето на Светското првенство, изјави дека неговата екипа сеуште не е кандидат за титулата и истакнува дека е погрешно да се верува дека дуелот со Австралија ќе биде лесен.
„Среќни сме со пласманот во нокаут фазата. Секој натпревар на Светското првенство е тешка. Изгубивме од Саудиска Арабија, кога никој не го очекуваше тоа, можете за загубите и кога играте добро. Грешка е да се верува дека натпреварот против Австралија ќе биде лесен. Ние уште не сме кандидати за титулата, но ќе се бориме до крај на секој натпревар“, потенцира Скалони.
Аргентина натпреварите од групната фаза ги заврши како првопласирана во групата Ц, и во осминафиналето ќе игра против Австралија која беше второ пласирана во групата Д.