Томас Франк: Задоволен сум од духот и карактерот на мојот тим“

Тренерот на Тотенхем, Томас Франк, ја коментираше победата на неговиот тим на гостувањето против Кристал Палас (0-1) од 18-то коло на англиската Премиер лига.
„Многу сум задоволен од страста, духот и карактерот на мојот тим. Мислам дека ова е класичен пример за натпревар каде што желбата е поважна од сè друго. Да се победи во толку тежок натпревар против Кристал Палас на нивниот стадион… ми се допаѓа дисциплината на нашиот тим. Едвај им дозволивме да играат контранападнат, што е една од нивните силни страни. Задоволен сум од начинот на кој се позициониравме, се браневме и игравме во текот на целиот натпревар.
Во толку отворен натпревар, мислам дека направивме само една грешка. Инаку, Кристал Палас се потпираше на прекини, а ние добро ги браневме. Понекогаш мора да дадеш сè од себе, да блокираш удари, па затоа денес имавме одличен дефанзивен пристап, што е толку потребно. Ништо не може да се постигне без вакви победи и сум многу задоволен од начинот на кој се натпреварувавме. Не игравме совршено, но желбата, трудот и карактерот – сето тоа е потребно за да се биде добар тим. Денес поставивме добра основа, што е охрабрувачко“, изјави Томас Франк за официјалната веб-страница на Тотенхем.