Фабрегас го сака Ињаки Пења во Комо

Италијански Комо покажува дека е амбициозен проект, предводен од шпанската легенда Сеск Фабрегас. Клубот кој доста вложува во составот, на пат е да тргне по уште едно засилување од Барселона.

„Не сакам да зборувам за пазарот, но ако има можност, ќе ја видиме, ќе ја анализираме. Се надевам дека сите нови големи играчи ќе можат да се вклопат во нашата динамика, да бидат конкурентни во тимот“, вели Фабрегас.

Се зборува дека на мета на Комо е Ињаки Пења, кој во моментов не е во плановите на Ханси Флик. Тој сега е дури четврти голман, меѓутоа Барса се уште го има во тимот затоа што е регистриран и има право на настап за разлика од Жоан Гарсија и Војчех Шчесни.