Челзи ги отфрли Стерлинг и Дисаси

Реорганизацијата во Челзи под водство на Ензо Мареска продолжува со контроверзии, при што Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси се целосно отфрлени од тимот. И двајцата моментално тренираат одвоено од првата екипа, што укажува на долгорочна, а не привремена одлука. 

Дисаси и Стерлинг имаат различни термини за тренинг и тренираат на различен терен од остатокот на тимот. Ова не е последица на повреда или медицински причини, туку е дел од стратегијата за нивно отстранување од активниот состав. 

Од август, двајцата не се дел од активностите на првиот тим, ниту се вклучени во плановите на клубот. Се работи за јасна одлука, тие веќе не се дел од проектот на Челзи. 

Ситуацијата се влоши по нивното одбивање да заминат од клубот за време на летниот преоден рок. Со високи плати и долгорочни договори, Челзи сега ќе мора повторно да бара решенија за нивно заминување, можеби дури во јанурари.