Челзи пикира две засилувања бесплатно следното лето

Летниот трансфер период заврши на Островот, но Челзи веќе размислува за иднината и следната година, а сега англиските медиуми открија дел од плановите.

Во повеќето европски лиги заврши летниот трансфер период и сè е јасно во однос на играчките состави.

Еден од најактивните клубови на Островот во врска со трансферот пазар беше лондонскиот Челзи.

На Стамфорд Бриџ, меѓу другите, пристигнаа Алехандро Гарначо, Жоао Педро, Џејми Гитенс, Лиам Делап, Џарел Хато…

Сините значително се засилија ова лето и шефот на стручниот штаб – Енцо Мареска доби целосна поддршка од управата.

Сега, англиските медиуми, поточно “TBRFootball” откриваат одредени планови што ги имаат лондонските Сини.

Имено, според овој извор – Челзи следното лето ќе се потруди да донесе два играчи, и тоа се Марк Геји и Мајк Мањан.