Чави воведе 10 правила за играчите на Барселона
Со официјалното преземање на тренерската функција во Барселона, Чави Ернандез веднаш воведе и нови правила кои мора да ги почитуваат играчите и стручниот штаб на екипата од „Ноу Камп“.
- Играчите треба да бидат во тренинг центарот час и половина пред започнување на тренинг сесиите.
- Целиот стручен штаб треба да стигне на тренинг 2 часа пред почетокот на истиот.
- Играчите мора да се хранат во тренинг центарот. Веќе нема опција играчите да јадат надвор од базата.
- Се враќаат паричните казни за фудбалерите.
- Казните ќе се дуплираат со секој нареден прекршок на играчот.
- 48 часа пред почеток на натпревар, сите играчи треба да се во своите домови најдоцна до полноќ.
- Ќе играат само оние кои најдобро тренираат и оние кои покажуваат најголема посветеност во работата. Останатите ќе бидат резерви или нема да бидат повикани на натпревар.
- Контрола на дополнителните спортски активности кои би можеле да го нарушат настапот на играчот во неговата игра ќе ги анализира техничкиот оддел на стручниот штаб.
- Забранети ризични активности како сурфање или возење електрични тротинети.
- Добар изглед. Играчите треба да бидат пример за навивачите и мора секогаш да бидат пристојно облечени.