Андриј Шевченко ја одржа првата прес-конференција како тренер на Џенова

Легендарниот Украинец, Андриј Шевченко, имаше официјална презентација како тренер на фудбалскиот клуб Џенова. Тој после претставувањето ја одржа и првата прес-конференција пред новинарите во Италија.

Шевченко упати голема благодарност до раководството на Џенова која му даде шанса да го води тимот и да се врати во Италија каде помина незаборавни моменти како играч на Милан.

Популарниот Шева најави дека клубот ќе мора играчки да се засили во зимскиот период, а главна цел ќе му биде обезбедување на опстанокот на Џенова во Серија А.