Дракслер се повреди, го чека пауза од неколку недели

Јулијан Дракслер се повреди и отпадна од составот на германскиот национален тим за претстојните натпревари во ноември.

Четирикратните светски шампиони веќе се пласираа на Светското првенство во 2022 година, но имаат проблеми со составот пред натпреварот против Лихтенштајн во Волфсбург во четврток. Никлас Зуле е позитивен на коронавирус, а уште четворица играчи со кој бил во близок контакт веќе се ставени во карантин.

„Жал ми е за Дракслер“, изјави за медиумите селекторот, Ханзи Флик. Играчот од средниот ред на ПСЖ долго време нема играно за Германија, но нема да може да се врати во националниот тим поради повреда на мускулот.

Од германскиот тим поради проблеми со мускулите отпаднаа и Флоријан Вирц и Нико Шлотербек. Џонатан Та, Максимилијан Арнолд, Ридле Баку и Кевин Фоланд беа повикани од Флик. Натпреварот во четврток е збогување со поранешниот селектор на Германија, Јоаким Лев.