Кун Агуеро размислува да му се врати на фудбалот
Поранешниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро би можел да
се врати од пензија во наредниот период, откри на неговиот
„стрим“ на мрежата „Твич“.
Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити во 2021
година беше принуден да ја заврши кариерата поради срцеви
проблеми кои првпат му се појавија во лигашки натпревар за
Барселона и тоа откако само што пристигна во клубот.
Од тогаш Агуеро започна „стримерска“ кариера на „Твич“ каде што
е редовен и има голема популарност. Во еден од преносите
Агуеро најави дека би можел да се врати, па дури и повика
кардиолог.
„Луѓето ме прашуваат и не знам, што имаш ти да кажеш? Дали
сум спремен за 20-тина минути акција, можеби 10?“. Ако Карлитос
Тевез ме повика, што очекувате да направам?“ ги запраша Кун
своите гледачи.
Исто така тој откри дека по Барселона имал план да заигра за
Индепендиенте барем половина или цела сезона.