Миркуловски не е повеќе дел од стручниот штаб на Вецлар

Ракометниот клуб Вецлар им врачи откази на Франк Карстенс и неговиот помошник Филип Миркуловски.
Клубот се реши за ваков потег поради лошите резултати, Вецлар доживеа осум порази на последните девет натпревари. Синоќа, Вецлар загуби од Лајпциг.
Планот на клибот бил во летниот преоден рок да извршат смена на тренерската позиција, но новиот пораз ги натера да реагираат со откази.
Новиот тренер беше избран уште претходно, но тој порано од планираното ќе ја преземе функцијата.
Нов тренер на Вецлар е поранешниот српски репрезентативец и тренер на Веспрем, Момир Илиќ. Тој е без работа откако по три години се раздели со Веспрем. Илиќ ќе го одржи првиот тренинг со својот нов тим во понеделник.