Рајковиќ именуван за тренер на турски Тофаш

Македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ е нов главен тренер турскиот прволигаш Тофаш од Бурса.

Рајковиќ во својата тренерска интернационална кариера има работено во Шљонск Вроцлав, Стал Остров Вјелкополски, Астана, Автодор Саратов и ЦСКА Москва. Во ЦСКА беше помеѓу 2022 и 2024 година, а потоа околу една година беше без ангажман.

Тофаш е двократен првак на Турција, и под водство на Рајковиќ следната сезона ќе се обидат да им ги замрсат сметките на моќните евролигаши Фенербахче и Анадолу Ефес.