Алисон ги одби сите понуди за да остане уште една сезона во Ливерпул

Голманот Алисон Бекер нема намера да го напути „Енфилд“. Бразилецот повторно одбил профитабилен трансфер, тврди италијанскиот новинар и инсајдер Николас Шира.
Овој пат понудата дошла од клуб од Саудиска Арабија, но како и со претходниот интерес на Галатасарај, Бразилецот одлучил да остане во Ливерпул. Тој има намера да го одработи договорот што важи до летото 2027 година.
Во сезоната 2024/25, тој одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, на 13 од нив не прими гол. Со Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата.