Ник Волтемаде по секоја цена сака во Баерн Минхен

Новата ѕвезда на германскиот фудбал, Ник Волтемаде, утрово ги отфрли понудите од Челзи и Наполи, тврди „Билд“. Напаѓачот на Штутгарт сака да се пресели само во Баерн Минхен ова лето.

Од Челзи и Наполи контактирале со претставниците на 23-годишниот голгетер, но тој бил категоричен во својата одлука. Волтемаде постигнал договор со Баварците претходно оваа недела. Тој се согласил на петгодишен договор со плата од околу 10 милиони евра по сезона.

Се очекува Баерн да започне преговори со Штутгарт во наредните денови. Информациите се дека тие ќе бидат тешки и долги. „Швабите“ сакаат 100 милиони евра за својата ѕвезда, додека Баварците се подготвени да дадат околу 40 милиони евра.

Ник Волтемаде веќе го информирал својот сегашен клуб дека сака да се пресели во Баерн сега. Тој ја отфрлил понудата за нов договор од Штутгарт.