Струга Трим Лум третпат го купи Валентин Кочоски

Струга Трим Лум се пофали со ново засилување за следната сезона во пресрет на првиот натпревар против Македонија Ѓорче Петров.
Повратник во редовите на стружани е Валентин Кочоски, офанзивец кој има речиси 200 натпревари во ПМФЛ. Третпат во својата кариера Кочоски ќе го носи дресот на Струга каде што се враќа по две години.
28-годишникот минатата сезона беше дел од Силекс, а претходно настапуваше за Воска Спорт. Во кариерата тој тргна преку Академија Пандев и Хоризонт Турново, додека настапуваше уште за Беласица, Шкупи и Пелистер.
Новиот договор на Кочоски со Струга е во важност од две години. Фудбалерот веќе беше регистриран и ќе биде во комбинација за настап уште на првиот натпревар денес.