Васко Атанасов доби нов договор со МЗТ Скопје

Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром го продолжи договорот со тренерот, Васко Атанасов, кој ја презеде функцијата во финишот на сезоната 2022/23.
Тој успеа да освои три последователни титули во првенството и да се израдува на два пехара во Купот и во Супер- купот на Македонија.
„Горди сме што со продолжувањето на соработката обезбедуваме континуитет, стабилност и амбиција, за уште поголеми успеси. Воедно, потврдуваме дека дел од стручниот штаб ќе останат и неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски, како и Филип Босилков“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.