Торино го освои „Олимпико“ и со три бода се враќа од Рим

Фудбалерите на Торино ја победија Рома на „Олимпикo“ со 0-1 во натпреварот од третото коло на Серија А. „Биковите“ ја забележаа првата победа оваа сезона, воедно на Рома и го нанесоа првиот пораз по двете победи на стартот.
Стрелец на голот за „биковите“ беше Џовани „Чолито“ Симеоне, син на познатиот тренер на Атлетико, Диего.
Моментот на одлука се случи во 59-та минута кога Торино, по иницијативата на противникот, постигна гол во транзиција.
Симеоне повлече во контра, размени додавање со Нгонг, се позиционираше и откако доби прецизен пас од истиот играч, со хируршки прецизен удар од работ на шеснаесетникот го совлада Миле Свилар.