Проклетството на „деветката“? Кошмарната сезона на Делап продолжува

Liam Delap talking with ref as Chelsea player

Напаѓачот на Челси, Лијам Делап, доживеа нова повреда на рамото за време на ремито без голови против Борнмут, напуштајќи го теренот по само 32 минути по дуел со Маркос Сенеси. Дваесет и двегодишниот Англичанец, кој летово пристигна од Ипсвич за околу 30 милиони фунти, очигледно го ишчаши рамото и го напушти натпреварот со раката во лонгета, а на негово место влезе Марк Гиу. Повредата пристигнува само неколку недели по неговото враќање од мускулниот проблем што го држеше надвор од терените речиси два месеци.

Делап се уште не успеа вистински да се наметне во синиот дрес, со само осум настапи во Премиер лигата и без постигнат гол. Иако остави добар впечаток со погодокот против Барселона во Лигата на шампионите, континуитетот повторно му е прекинат. Тренерот Ензо Мареска по натпреварот изјави дека повредата „не изгледа добро“ и дека напаѓачот би можел да паузира шест до осум недели, што би го одалечило од терените најрано до февруари.

Новиот пех повторно ја отвори приказната за „проклетството на бројот 9“ во Челси, број што во последната деценија го носеа играчи кои ретко успеваа да остават траен белег, често поради повреди или пад на формата. Делап, со својата младост и потенцијал, секако има време да се наметне, но двата рани ударa во сезоната ги зголемуваат дилемите околу неговото брзо вклопување во плановите на Мареска.