Сабаленка е тенисерка на годината според ВТА

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е прогласена за играч на годината на ВТА, откако цела 2025 година ја помина на врвот на ранг-листата, објави водечката женска тениска организација.
Тенисерката број еден во светот е прогласена за најдобра втора година по ред, со што стана трета тенисерка во последните 15 години што ја освоила наградата повеќе од еднаш. Таа славеше со речиси 80% од гласовите на меѓународните тениски новинари.
Во текот на оваа година, Белорусинката освои четири турнири, вклучувајќи го и Отвореното првенство на САД, играше во девет финални мечеви, оствари 63 победи и постави нов рекорд во наградниот фонд во една сезона, заработи 15 милиони долари.
Сезоната заврши со 63 победи и 12 порази.
Чехинката Катерина Сињакова и Американката Тејлор Таунсенд беа прогласени за најдобар пар откако го освоија Отвореното првенство на Австралија и стигнаа до финалето на Отвореното првенство на САД. Тенисерката која најмногу напредуваше е Американката Аманда Анисимова.
Американката стигна до пет финалиња, освојувајќи ги првите ВТА 1000 титули во кариерата во Доха и Пекинг, а стигна и до своите први финалиња на Гренд слем турнирите на Вимблдон и на Отвореното првенство на САД.