Ѓорческа: Сонувам за настап во главната фаза на Австралија Опен!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се подготвува за нов настап во квалификациите за главниот турнир на Австралија Опен – првиот Грен-Слем во 2026 година.
Нашата Лина е полна со оптимизам и ја најави нејзината претстојна авантура на „Мелбурн парк“, каде ќе сигурно ќе има сериозни противници.
„Во јануари е почетокот на сезоната и не може да има поубав старт од Австралија опен. Се подготвувам за успешен настап. Еднаш бев многу блиску и се надевам дека сега ќе го скршиме мразот и ќе изборам пласман на главниот турнир.
Сон на секој тенисер е да учествува на Грен-Слем турнирите, така и за мене. Се надевам дека ќе обезбедам учество и на главниот турнир, но оваа година ќе имам настапи и на повеќе ВТА турнири, изјави Ѓорческа.
Главната рунда на Австралија Опен започнува на 12 јануари, а завршницата е закажана за 1 февруари следната година.