Мундијалот соборил рекорди по бројот на барања за билети

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека Светското првенство во 2026 година соборило рекорди по бројот на барања за билети за натпреварите од групната фаза. Според претставници на ФИФА, организацијата моментално има над 150 милиони барања.

„За само 15 дена, добивме 150 милиони барања од целиот свет за билети за Светското првенство. Во текот на 15-те дена подготовка пред продажбата, во просек добивавме 10 милиони барања дневно, а САД, Германија и Велика Британија беа водечки“, изјави Инфантино.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во три земји: САД, Мексико и Канада. Актуелен светски шампион е Аргентина.