Фелипе Луис доби нов договор во Фламенго

Фелипе Луис ќе остане тренер на Фламенго до 2027 година, објави во понеделникот бразилскиот клуб.

Човекот кој освои пет трофеи во првата година од својата професионална тренерска кариера, потпиша нов договор и со тоа стави крај на сите шпекулации за неговиот понатамошен ангажман.

Фиелипе Луис, некогаш ѕвезда на Атлетико Мадрид и бразилската репрезентација, веднаш по завршувањето на кариерата, започна да работи како тренер. Прво во тимовите до 17 и до 20 години на Фламенго, а првиот тим го презеде во септември 2024 година.

Со клубот од Рио де Жанеиро, во тековната година го освои националното првенство на Бразил, Купот, Суперкупот, првенството Кариока и Копа Либертадорес.

„Тој не оди никаде“, пишува во официјалното соопштение на Фламенго во врска со потпишувањето на новиот договор.