Аларм во Денвер, Никола Јокиќ сериозно се повреди

Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, заработи повреда на коленото во поразот на неговиот тим од Мајами Хит со 123:147 во натпревар од регуларната сезона на НБА.
Србинот, трикратен МВП на НБА, падна на подот во последните секунди од вториот период откако беше згазнат од соиграч. Контактот предизвика неговото лево колено да се свитка навнатре. 30-годишниот Јокиќ го напушти натпреварот и не се врати во игра.
Тренерот на Денвер, Дејвид Аделман, по натпреварот изјави дека сериозноста на повредата сè уште не е утврдена. „Се што знам е дека Јокиќ има повреда на левото колено и ќе мора да помине низ процедури. Го погледнав на полувремето и беше јасно дека нозете му се врзани. Веднаш знаеше дека нешто не е во ред“, рече тренерот.
„Тоа е дел од НБА. Не е важно кој ќе се повреди, секогаш е тешко. Особено кога станува збор за некој посебен како него. Ќе знаеме повеќе утре, но ќе продолжиме напред како тим“, додаде Аделман. „Повеќе ме загрижува тој како личност и разочарувањето што го чувствува. Се надевам дека сè ќе се среди“, рече тренерот Аделман.
Јокиќ играше одличен натпревар пред повредата, постигнувајќи 21 поен, давајќи осум асистенции и пет скока, а кога си замина, резултатот беше изедначен на 63:63.
Денвер е исто така без Арон Гордон и Кристијан Браун поради повреди.