За Ѕола фаворит за скудетото е Интер

Џанфранко Ѕола, поранешниот играч на Челзи, Наполи, Парма и Каљари, се насочи кон збиднувањата во серија „А“ во тековнава сезона.
„Најсилниот тим, дури и за малку, е Интер. Но, јас сум романтичар и ќе кажам, Наполи, за сè што тимот претставува во мојата кариера. Мојот дедо е роден таму и многу сум добил од градот“, рече Ѕола.
„Кои се луѓето на годината? Можам да кажам Антонио Конте но, не смееме да го заборавиме Де Лаурентис. Можам да го кажам и Бепе Марота, кој докажа дека е број 1. Тука секако е Кристијан Киву – тоа беше избор на претседателот на „нераѕурите“, што ме изненади“, призна поранешниот фудбалер.