Босанецот Пјаниќ ја заврши професионалната кариера

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Јувентус и ЦСКА Москва, Миралем Пјаниќ, го објави своето фудбалско пензионирање.

„Нема да играм повеќе. Се пензионирав. Сега живеам во Дубаи и повеќе не сум фудбалер – јас сум татко на мојот мал син и тој е мој приоритет“, изјавил Пјаниќ во разговорот со новинарот Николо Шира.

Последниот клуб на 35-годишниот Босанец беше ЦСКА Москва, која ја напушти во текот на летото. Се пишуваше дека Пјаниќ се обучувал за да стане агент во Дубаи.

Пјаниќ играше и за Мец, Лион, Рома, Бешикташ и Ал-Шарџа.

Босанецот освои седум трофеи со Јувентус, два со Ал-Шарџа и по еден со Барселона, ЦСКА (Куп на Русија) и Бешикташ.