Дро Фернандез пред промоција во Париз

Челниците на ПСЖ се пред ангажман на Дро Фернандез, но нема да ја активираат откупната клаузула од 6 милиони евра, ќе одвојат околу 9 милиони за да го комплетираат трансферот.

„Каталонците“ минатата недела останаа разочарани откако перспективниот Дро Фернандез ги извести дека заминува од Камп Ноу со активирање на откупната клаузула од 6 милиони евра.

Неколку клубови испратија понуди, а младото момче го одбра ПСЖ за следна дестинација.

Последните информации велат дека „светците“ наскоро ќе го комплетираат трансферот, но ќе платат малку повеќе.

АС вели дека Ал Келаифи на овој начин сака да ги поправи односите со Жоан Лапорта, двете страни со години се во војна по трансферот на Нејмар. Весникот пренесува дека клубот од Париз ќе одвои околу 9 милиони евра за комплетирање на зделката и ќе почести неколку милиони.

Ле Паризиен пак вели дека активирањето на клаузулата повлекува и некои други трошоци, па затоа ПСЖ преферира да седне на маса со Барселона, да плати повеќе (помеѓу 8 и 10 милиони евра) и на овој начин да го добие Дро Фернандез.