Работнички го засили ростерот со Мартин Талаков

Фудбалскиот клуб Работнички продолжува со активностите на трансфер пазарот во обид да обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Најново засилување за скопскиот состав е Мартин Талаков, кој во таборот на романтичарите пристигнува од Македонија ЃП. Играчот од средниот ред во досегашниот тек од сезоната запиша десет настапи во првенството и постигна два погодоци во дресот на тимот од Ѓорче Петров.

Талаков зад себе има и интернационално искуство, откако настапуваше за неколку клубови во Словачка, а на домашната сцена беше дел од Борец и Брера Струмица. Во Работнички ќе остане во наредните дванаесет месеци, период во кој клубот очекува да добие стабилност и квалитет во средниот ред.

Работнички моментално се наоѓа во тешка позиција на табелата и ја продолжува борбата за опстанок во елитата со само седум освоени бодови.