Бура во Реал: навивачите бараат промена на клупата

Xabi Alonso complaining as Real Madrid coach

Реал Мадрид доживеа неочекуван и тежок пораз од 0–2 на Сантијаго Бернабеу против Селта Виго, резултат што ја продлабочи кризата и ѝ донесе на Барселона предност од четири бодови на врвот на Ла Лига. Гледачите реагираа со гласни свирежи и негодување речиси во текот на целиот меч, редок призор на легендарниот стадион што ја открива длабоката незадоволност од нефункционалната игра на тимот. Дуелот го одбележаа и три црвени картони: за Фран Гарсија, Алваро Карерас и дури за младиот Ендрик од клупата. Што само ја нагласи тактичката конфузија и недисциплината под водство на Чаби Алонсо.

Алонсо, во својата прва сезона како тренер на Реал, се соочува со растечка критика. По добриот старт, тимот влезе во серија со само две победи на последните седум натпревари, што отвори сомнежи кај навивачите во неговиот авторитет и во односите со играчите. Се критикуваат и неговите тактички избори и подготовката пред клучните натпревари, особено што тимот сè уште не покажува вистинска кохезија и покрај ѕвезди како Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.

Дел од мадридистите сметаат дека Алонсо веќе ја изгубил соблекувалната, ситуација дополнително усложнета од повредите во одбраната. Во меѓувреме, Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата, со оглед на турбуленциите под Арне Слот и тензиите околу Мохамед Салах. Претстојниот дуел во Лигата на шампионите против Манчестер Сити станува клучен тест за Алонсо, резултатот може да му даде време, но нов кикс би можел да ја забрза дискусијата за неговата иднина.