фудбал

Роберт Санчез од Брајтон пред потпис со Челзи

Челзи ја договори цената на голманот Роберт Санчез со Брајтон. Ова
го пренесува познатиот инсајдер Фабрицио Романо во својот
„Твитер“.
Според Романо, 25-годишниот голман ќе ги чини Сините 29 милиони
евра со бонуси. Исто така, се истакнува дека лондонскиот клуб се
уште преговара со оваа екипа во врска со играчот од средниот ред
Мојсес Каиседо.
Роберт Санчез се пресели во Брајтон од Леванте на 17 години.
Голманот играше како позајмен за Форест Грин во Втората лига и
Рочдејл во Лига 1.
За првиот тим на својот клуб одигра 90 натпревари. Голманот има
еден официјален натпревар за шпанската репрезентација.


Педри: Не знам што треба да се случи за да заминам од Барса

Барселона доживеа тежок удар од Oсман Дембеле и тоа не го криеше тренерот Чави, кој по натпреварот против Милан во Америка нагласи дека е разочаран од францускиот фудбалер.

Многумина гледаат на Педри како играч кој треба да ја предводи Барса во наредната деценија, па затоа добра вест за фановите е неговата последна изјава во јавноста.

„Можеби има понуди за мене, но јас не се интересирам за нив. Тоа го знаат само моите претставници. Јас не ги слушам, ако сакаат да ги слушаат тие, нека го прават тоа. Јас сум концентриран само на тренирање, играње и уживање. Не знам што треба да се случи за да си заминам од овој клуб. Мора да се случат многу лоши работи за да си одам од Барселона. Треба да ми биде многу лошо и да имам проблем. Не верувам дека ќе се случи такво нешто, Барса е клубот од моите соништа и сакам да останам тука многу години„, вели Педри во интервјуто за „Ла Вангардија“.


ПСЖ ќе плати 80 милиони и ќе го доведе Рамос од Бенфика

Младиот португалскиот фудбалер и напаѓач на Бенфика, Гонзало Рамос, ќе биде новата инвестиција на Пари Сен Жермен, трансферот ќе биде вреден 80 милиони евра.

Договорот помеѓу францускиот клуб и Рамос, ќе биде потпишан до 2028 година, а се очекува наскоро деталите да бидат познати и трансферот официјализиран.

Рамос во Бенфика дебитираше во 2020 година, досега одигра 64 меча и постигна 30 голови. Имаше голем допринос во освојувањето на титулата во шампионатот на Португалија минатата сезона.

Според поедини инфорамции, се очекува токму Рамос да биде план Б,, доколку Мбапе навистина го напушти Париз ова лето.


Грижи за Артета, Габриел Жесус се повреди пред почетокот на сезоната

Арсенал се соочува со неповолни фитнес вести пред почеток на новата сезона.

Микел Артета соопшти во медиумите дека новата сезона ќе ја стартуваат без Габриел Жесус, кој минатата сезона пропушти добар дел во завршницата, а новата сезона ќе ја почнат исто така без него.

„Габриел имаше одреден зафат над коленото и нема да биде во тимот неколку недели. Тоа е голем удар за нас, бидејки го вративме во најдобра форма и се подготвувавме за живот со него“, порача Артета.

Според првичните информации, 26 годишниот Бразилец би можел да се врати на теренот пред репрезентативната пауза, што значи дека сигурно ги пропушта првите четири кола во Премиерлигата.


Сенегалецот Сисе потпиша за Брера

Пред стартот на новата првенствена сезона и официјално комплетирани се документите за новото засилување што го ангажираше Брера од Струмица. 

Станува збор за 20 годишниот Папе Оумар Сисе од Сенегал кој игра во нападот а во редовите на нашиот тим доаѓа од италијанскиот клуб Авецано каде на 28 натпревари, постигна 4 гола и 5 асистенции.

Сисе во Струмица дојде на почетокот на јули и беше дел од сите фази на подготовките на на нашиот тим за престојната сезона а беше и во стартните состави на некоку пријателски натпревари во Бугарија.

За новата првенствена сезона струмичкиот клуб ги ангажираше 23 годишниот дефанзивец Стефан Наумчевски, Александар Ристевски кој дојде од штипска Брегалница, 18 годишниот прилепчанец Андреј Аризанкоски, 19 годишниот напаѓач од Италија Салвадоре Рибаудо и искусниот бразилец Леонардо Антонио. Во меѓувреме ги продолживме договорите и со младите Ѓеоргије Јанкулов и Мартин Ѓоргиевски.


Почетино доведе млад Французин во одбраната на Челзи

Челзи успеа да го добие потписот на талентираниот Лесли Угочукву, но неговиот статус нема да биде јасен до крајот на преодниот рок.

Премиерлигашот се согласи да му плати 27 милиони евра на Рен за трансферот на 19-годишниот Французин, а менаџерот Маурисио Покетино најави дека допрва ќе одлучува за статусот на Угочукву.

Угочукву има настапи за сите младински категории на француската репрезентација, а најголеми се шансите да биде позајмен во редовите на Стразбур, клуб кој од неодамна е управуван од сопствениците на Челзи.


Швајцарецот Соу пред потпис со Севиља

Фудбалерот, Џибрил Соу треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи во Севилја и да потпише за шпанскиот тим, најавија медиумите на Пирините.

Интернационалецот од Швајцарија кој го напушти Ајнтрахт Франфурт, ќе  се пресели на стадионот-  „Рамон Санчез Писхуан“ за сума од 10 милиони евра плус бонуси. Тој ќе добие договор до јуни во 2028 година.

Со во претходната сезона одигра 47 мечеви за Ајнтрахт и постигна 4 голоови. За неговата татковина има 38 натпревари.


Дани Алвес ќе ја докажува својата невиност на суд

Шпанскиот суд официјално го обвини, Дани Алвеш, кој беше уапсен пред повеќе од шест месеци за наводен сексуален напад во ноќен клуб.

Судијката што ја води истрагата нашла докази за погрешно постапување од страна на 40-годишниот фудбалер кој тврдел дека имал консензуален секс со жртвата. Поранешниот играч на Бразил  беше уапсен на 20 јануари и оттогаш е во затвор во близина на Барселона.

Во Шпанија, казната за сексуален напад е од 4 до 15 години затвор.Алвеш последен пат играше за мексиканскиот клуб Пумас. Претходно беше во Баија, Јувентус, Пари Сен Жермен, Севилја и Барселона.


Чави: Разочаран сум од одлуката на Дембеле

Осман Дембеле долго време тврдеше дека основна цел му е да остане и да освојува трофеи со Барселона, но сега експресно реши да ја прифати понудата на ПСЖ.

Францускиот клуб ќе ја плати откупната клаузула од неговиот договор, со што Дембеле и дефинитивно се сели во Париз, нешто што е разочарувачка вест и за тренерот Чави.

„Целата ситуација е едноставна. Тој добил понуда од ПСЖ и ми соопшти дека веќе разговарал со Насер Ал Келаифи и Луис Енрике. Се работи за понуда на која ние не можеме да парираме, нормално е дека сум разочаран од неговиот потег, но барем беше директен и сега сите продолжуваме напред.

Знаев за клаузулата, но беше среќен на тренинзите и не очекував вакво сценарио. Го прашавме за причината, но не можеше да даде објаснување. Кој не сака да биде во Барселона, треба да добие можност да замине“, рече Чави.


Тиему Бакајоко пред портите на белградска „Маракана“

Црвена звезда е заинтересирана за поранешниот играч од средниот ред на Челзи, Тиему Бакајоко, пренесуваат српските медиуми.

Бакајоко би бил одлично засилување во средниот ред, особено во дефанзивните задачи. На таа позиција Зведа ги има Марко Стамениќ кој игра одлично, Срѓан Мијаиловиќ и новајлијата од Спартак Едмунд Ада, но според информациите тој не се наметнал на стручниот штаб за време на подготовките.

На радарот на Звезда се неколку играч, а еден од нив е поранешниот играч за врска на Рен, Монако, Челзи, Милан и Наполи.

Се наведува и дека е воспоставен контакт со Бакајоко и дека од Франција пристигнале позитивни информации.