фудбал

Салах вторпат прогласен за фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Голгетерот на Ливепул доби најмногу гласови од колегите од најсилниот фудбалски ранг на натпреварување во Англија.

Во изборот на Професионалната асоцијација на играчи (ПФА), Мохамед Салах е избран за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата. Ова е второ вакво признание за репрезентативецот на Египет, откако го заслужи за игрите во сезоната 2017-2018.

Одличниот напаѓач на актуелниот вицешампион на Европа, овојпат го освои за 25 гола и 13 асистенции во загубената трка со Манчестер Сити за титулата островски шампион.

Тој заедно со Сон од Тотенхем ја подели Златната копачка, односно наградата за најдобар стрелец.

Салах е вкупно деветти играч во историјата на Премиер лигата кој двапати добил најмногу гласови од колегите.

Во анкетата на ПФА за најдобар млад играч е прогласен Фил Фоден од Манчестер Сити.


Алиоски пред потпис со Трабзонспор една година по пропаднатиот трансфер

Езџан Алиоски е блиску до договор со турскиот шампион Трабзонспор, објави турскиот новинар Халук Ајилдиз.

Трабзонспор по пауза од 38 години стигна до трофејот во турската Суперлига, а сега повторно ќе тргне по услугите на Алиоски, кого сакаше да го купи и минатото лето.

Алиоски треба да биде добро засилување за турскиот гигант, кој следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ), па мора да ја засили екипата. Засега преговорите се во почетна фаза, а се очекуваат дополнителни разговори во текот на следната недела, по што ќе биде појасно дали Алиоски ќе остане во Ал-Ахли или ќе замине во Турција.


„Светците“ ќе добијат лимитиран буџет за сезоната 2022/23

Буџетот на ПСЖ за летниот преоден рок ќе биде во висина од 80 милиони евра.

Парижаните сега можат да потрошат 80 милиони евра за новајлии, но буџетот за трансфери може да се зголеми доколку клубот продаде еден од постоечките играчи.

35 милиони евра од овие 80 милиони ПСЖ веќе потроши за откуп на дефанзивецот, Нуно Мендеш од Спортинг.


Сити ја одреди цената, Габриел Жесус вреди 50 милиони евра

Манчестер Сити им соопшти на заинтересираните клубови по која цена е подготвен да се раздели со напаѓачот Габриел Жесус. „Граѓаните“ се подготвени да го ослободат Бразилецот доколку добијат понуда вредна 50 милиони евра.

Фудбалерот речиси сигурно ќе го напушти „Етихад“ ова лето. Манчестер Сити веќе ангажираше двајца играчи Ерлинг Халанд и Јулијан Алварез, па Хесус ќе има многу помали шанси да игра доколку остане во клубот. На крајот и двете страни решија дека е најдобро да се разделат, па Сити веќе бараат купувач за овој играч. Згора на тоа, неговиот договор истекува за една година, па сега е најдобро време да го продаде за да може клубот да ја земе максималната сума. Неодамна се појавија информации дека Жесус им бил понуден на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, а интерес за него покажал Реал Мадрид.

Пред извесно време Бразилецот се поврзуваше и со Јувентус, но се чини дека „Старата дама“ се откажа од идејата за неговото привлекување. Во моментов најсериозен кандидат за 25-годишниот напаѓач е Арсенал. „Топчиите“ дури почнаа и разговори за негово привлекување. Сепак, Манчестер Сити се надева на друг кандидат од странство бидејќи не сака да го продаде Жесус на директен конкурент во Англија.


САД, Мексико и Канада на 16 јуни ќе ги одредат стадионите за Мундијалот

ФИФА објави дека стадионите на кои ќе се играат натпреварите на Светското првенство во Северна Америка во 2026 година ќе бидат објавени на 16 јуни. Новиот формат на првенството во 2026 година ќе вклучува 48 екипи, а првенството ќе има 80 натпревари – 60 во САД и десет во Канада и Мексико.

Соопштението на градовите ќе се пренесува во живо од Њујорк. Само три града во Канада – Торонто, Едмонтон и Ванкувер и во Мексико (Мексико Сити, Гвадалахара и Монтереј) се уште се на листата.

Во последната фаза во игра се 17 стадиони во САД, од кои ќе бидат избрани 11. Листата на американски кандидати ги вклучува Атланта, Бостон, Синсинати, Далас, Денвер, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Нешвил, Њујорк / Њу Џерси Орландо, Филаделфија, Сан Франциско, Сиетл, Вашингтон и Балтимор.


Кавани пред потпис во шампионатот на Мексико

MANCHESTER, ENGLAND – MAY 02: Edinson Cavani of Manchester United acknowledges the fans after the Premier League match between Manchester United and Brentford at Old Trafford on May 02, 2022 in Manchester, England. (Photo by Catherine Ivill/Getty Images)

Напаѓачот Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани, кој ќе биде ослободен агент на 30 јуни, има одлични понуди од неколку мексикански клубови, тврдат шпанските медиуми. Веста за медиумите наводно ја потврдил Валтер, братот и претставник на фудбалерот, кој објаснил дека приоритет за Кавани е Европа, но не ги затвора вратите за евентуално пристигнување и во мексиканскиот фудбал.

„Не контактираа неколку тимови од Мексико, но приоритет е да продолжиме во Европа“, изјавил братот на фудбалерот.

Неодамна протекоа информации дека претседателот на Толука, Франциско Суинага, имал понуда до Кавани.


Челзи ќе се обиде да го доведе Габриел Жезус

Фудбалскиот клуб Челзи размислува да достави понуда за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус.

Се очекува 25-годишниот Бразилец да биде замена за Ромелу Лукаку, кој најверојатно ќе се врати во Интер како позајмен играч.  

Челзи очекува да добие 25 милиони евра за трансферот на Лукаку, а според информациите Сити за Жезус ќе бара 50 милиони евра.

Габриел Жезус во 28 натпревар за Манчестер Сити во Премиер лигата минатата сезона постигна 8 гола и 9 асистенции.


Ако не го доведе Левандовски, Барса ќе тргне по Џерард Морено

Барселона има резервна опција доколку не успее да го привлече напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски ова лето.

Не е тајна дека Каталонците сакаат да го донесат Левандовски на „Камп Ноу“, а иста е желбата и на самиот играч. Проблемот е што првите луѓе од „Алијанц Арена“ засега категорично одбиваат да ја пуштат својата ѕвезда. Стоењето во место со преговорите почнува да ги загрижува Шпанците, кои веќе имаат и резервна опција, а тоа е напаѓачот на Виљареал Џерард Морено, тврди „Спорт“.

Не е првпат 30-годишниот шпански репрезентативец да се поврзува со интерес од Барса. Од „Камп Ноу“ долго време го следат играчот, но сега има големи шанси да дадат конкретна понуда. Морено минатата сезона се мачеше со повреди, но сепак повторно ја покажа својата класа, постигнувајќи 9 гола на 17 натпревари и 3 асистенции


Лаказет потпиша за Лион по пет сезони во Арсенал

Александре Лаказет денес и официјално ќе се пресели во Олимпик Лион.

Според изворот, била подготвена цела прес-конференција за објавување на трансферот на играчот, на која ќе биде соопштена оваа вест.

Да потсетиме дека 31-годишниот француски фудбалер не го продолжи договорот со англискиот клуб. Лаказет дојде во Арсенал во 2017 година токму од Лион. На 206 натпревари за англискиот тим, францускиот напаѓач постигна 71 гол и даде 36 асистенции. Од 2013 до 2017 година Лаказет беше повикан во француската репрезентација.

Лондонски Арсенал заврши на петтото место на табелата во англиската Премиер лига на крајот од сезоната и нема да игра во Лигата на шампионите.


Рома ја отфрли понудата од Њукасл за Пелегрини

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека калчолигашот Рома одби висока понуда од англискиот клуб Њукасл за капитенот Лоренцо Пелегрини.

Според информациите, челниците на Њукасл испратиле понуда до клубот од Рим во висина од 60 милиони евра, но италијанците веднаш ја одбиле со одговор дека Пелегрини не е на продажба.

Капитенот Пелегрини одлучил да ги одбие сите понуди од други клубови бидејќи сака да остане во Рома до крајот на кариерата.