фудбал

Лука Модриќ во Реал до 2023 година

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сезона.

Новиот договор на Модриќ е со важност до 30.јуни 2023 година, потврдија од „Кралскиот клуб“.

Хрватот за Реал настапува од август 2012 година, кога пристигна од Тотенхем. Тој има освоено 20 трофеи со Реал, од кои пет се во Лигата на шампионите.


Хари Кејн стигна до бројка од 50 гола за Англија

Напаѓачот на Тотенхем и англиски репрезентативец Хари Кејн, стигна до својот јубилеен 50-ти гол во дресот на Англија.

Кејн постигна гол за израмнување од 1:1 на гостувањето во Минхен против селекцијата на Германија. Со своите 50 гола, Кејн се најде на второто место од вечната листа на стрелци во „Гордиот Албион“. Најдобар стрелец засега е Вејн Руни кој позади своето име има запишано 54 гола.

Со сигурност може да се очекува дека во периодот што следува, Хари Кејн со сигурност ќе ја достигне и надмине бројката од 54 погодоци, со што заслужено ќе се најде на врвот од листата на најдобри стрелци во историјата на репрезентацијата.


Милан Ристовски: Имаме верба во себе и одиме на победа против Грузија

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во Лигата на нации. Следен противник на црвено-жолтите е селекцијата на Грузија со која е закажан дуел во четврток на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

„На натпреварот со Грузија треба да покажеме дека можеме многу повеќе. Дуелот нема да биде лесен, бидејќи Грузија е навистина силен противник кој ќе биде доста мотивиран после нивните две победи. Ние веруваме во себе и во нашиот квалитет. Ќе се подготвиме добро и се надеваме на победа“, изјави напаѓачот Ристовски.


Селта заинтересирана за Енис Барди

Членот на шпанска Примера, Селта Виго покажува интерес за македонскиот репрезентативец Енис Барди. 

Според пишувањата во медиумите од Шпанија, челниците на Селта се подготвени да испратат понуда до Леванте за трансфер на одличниот Барди.

На овој начин Селта сака да го засили средниот ред на екипата пред стартот на следната сезона. Актуелниот клуб на Барди, Леванте, не успеа да обезбеди опстанок во најдобрата шпанска лига, а Барди има клаузула во договорот според која тој може да си замине од клубот доколку испадне од Ла лига.


Серафимов во идеалниот тим на унгарското фудбалско првенство

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Никола Серафимов, се најде во идеалниот тим на сезоната во Првата лига на Унгарија.

Дефанзивецот Серафимов прикажа одлични фудбалски партии во дресот на неговиот клуб Залаегерцег, и сосема заслужено ја доби честа да се најде во друштво на најдобрите 11 играчи во лигата.

Никола Серафимов е член на македонската фудбалска репрезентација, а своето деби го имаше во победата на Македонија против Гибралтар со 0:2, во рамките на Лигата на нации.


Рафиња го одбил Ливерпул, сака единствено во Барселона

Напаѓачот на Лидс Јунајтед Рафиња одбил евентуална преселба во Ливерпул за да ја продолжи кариерата во Барселона. Тоа го пренесува шпанскиот Спорт.

Претставниците на 25-годишниот фудбалер ќе се сретнат со директорот на Барселона, Матеу Алемани оваа недела за да разговараат за договор, изјави изворот. Рафиња наводно одбил и други тимови покрај Ливерпул бидејќи сака да игра за Барселона.

Рафиња минатата сезона имаше 36 настапи за Лидс во сите натпреварувања, постигнувајќи 11 голови и три асистенции. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на бразилскиот напаѓач на 45 милиони евра.


Аспиликуета одлучи да го напушти Челзи

Дефанзивецот на Челзи, Цезар Аспиликуета, ќе добие понуда да се пресели во Барселона.

Каталонците стапиле во контакт со луѓето од „Стемфорд Бриџ“ нудејќи им да платат 5 милиони евра за услугите на 32-годишниот фудбалер.

Аспиликуета кој во претходната сезона одигра повеќе од 30 натпревари, неодамна изјави дека има желба да се пресели на стадионот – „Камп Ноу“.


Кијеза го пропушта одморот и започнува со тренинзи во Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Кијеза , немаше среќа во претходната сезона . Тој заработи повреда на натпреварот со Рома одигран во јануари, и оттогаш беше надвор од терените.

Поради желбата за побрзо враќање во посакуваната форма, Кијеза одлучи да не одмора ова лето, туку да ги започне тренинзите порано од вообичаеното. Доколку се биде во ред тој очекува повторно враќање во првиот тим на Јуве на стартот од новата сезона.


Јуве се распрашува за Солер, цената е 50 милиони евра

Јувентус ќе се вмеша во трката за потписот на играчот од средниот ред на Валенсија, Карлос Солер, кој има трансферна вредност од околу 50 милиони евра.

25-годишниот фудбалер го привлече вниманието на Барселона, Атлетико Мадрид, Наполи и Милан. Тој  целата кариера ја помина на – „Месталја.

За првиот тим дебитираше во 2016 година и досега има 222 меча, 35 гола и 31 асистенција. За Шпанија одигра 7 натпревари и постигна 2 гола.


Три европски гиганти го сакаат Ловро Мајер од Рен

Динамо Загреб важи за расадник на големи таленти, а минатото лето за 12 милиони евра го продаде Ловро Мајер во Рен.

Хрватскиот плејмејкер одигра одлична сезона за Рен каде на 49 меча постигна 11 гола и запиша 13 асистенции. Сега е веќе стандарден хрватски репрезентативец, а во татковината го доби епитетот „новиот Модриќ“.

Скаутите на Реал Мадрид веќе подолго време го следат Ловро Мајер, па „кралевите“ сакаат да го донесат во Мадрид како долгорочна замена за Модриќ.