фудбал

Матиќ се договори со Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека Немања Матиќ наскоро треба да биде назначен за нов фудбалер на Рома.

Информациите велат дека некогашниот играч на Манчестер Јунајтед ги договорил сите услови со Рома и тој ќе потпише едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година.

Најбитна улога во доведувањето на српскиот интернационалец  во Рома има тренерот Жозе Мурињо. Португалецот инсистирал на ангажман на Матиќ, кој беше негов клучен играч во средината на теренот за време на престојот во Челзи, но и подоцна во Манчестер Јунајтед.


Ибрахимовиќ и наредната сезона во Милан

Газета дело Спорт известува дека шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе го продолжи престојот во тимот на Милан за уште една година.

Иако Ибрахимовиќ е во поодминати години, неговата улога во шампионскиот тим и понатаму е голема. 40-годишниот голгетер оваа сезона беше важен дел од екипата предводена од Стефано Пиоли која ја освои титулата во Серија А. Напаѓачот оваа сезона во Серија А постигна 8 гола на 23 натпревари.


Реал Мадрид плаќа 100 милиони евра за Чуамени

Познатиот спортски новинар Дејвид Орнштајн тврди дека Реал Мадрид постигнал договор со Монако за трансферот на Орелиен Чуамени.

Според информациите на Орнштајн, „кралскиот клуб“ се согласи да плати 100 милиони евра за ангажман на Французинот, иако претходно се тврдеше дека Реал нема намера да ја премине границата од 70 милиони евра. Останува да се потпише документацијата и да се решат финансиските формалности. Плаќањето ќе биде 80 милиони евра фиксно плус 20 милиони евра во бонуси.


Думфрис од Интер прво име на листата на желби на Баерн

Баерн Минхен е силно заинтересиран за холандскиот дефанзивец на Интер, Дензел Думфрис, пренесуваат италијанските медиуми.

Спортскиот диркетор на Баварците, Салихамиџиќ веќе го контактирал менаџерот на Думфрис и сака да го донесе на „Алијанц Арена“.

26-годишниот десен бек минатото лето пристигна во Интер за 12 милиони евра и одигра одлична сезона.

Интер не сака да го продаде, но има финансиски проблеми, па доколку пристигне понуда од 35 милиони евра е спремен да ја разгледа.

Баварците стапиле во контакт со неговиот агент и се очекува наскоро да испратат понуда.


Три второлигаши го сакаат Инзаги на клупата

Поранешниот италијански фудбалски напаѓач, Филипо Инзаги, веројатно ќе се врати на тренерската работа бидејќи добил понуди од клубовите од Серија Б – Асколи, Калјари и Пиза.

Тој претходно работеше во Милан, Венеција, Болоња, Беневенто и до неодамна во Бреша откако по сите превирања со управата мораше да си замине од тимот.

Ќе потсетиме дека Инзаги беше дел од селекцијата на „aѕурите“ што го освои второто место на Европското првенство во 2000-та а шест години подоцна стана светски шампион.


Де Лихт не го продолжува договорот со Јувентус

Еден од најдобрите дефанзивни фудбалери на светот, Матијас де Лихт може повторно да стане ѕвезда на трансфер пазарот. Преговорите на Де Лихт околу продолжување на неговиот договор со Јувентус се во застој, и ако не се постигне решение можен е негов трансфер во Премиер лигата.

Холандскиот фудбалер има договор со Јувентус уште две години, и трансфер клаузула од 120 милиони евра. Ситуацијата околу Де Лихт ја следат премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Челзи, кои се спремни за отворање на преговори со Јувентус за играчот и плаќање на откупната клаузула.


Габриел Жесус понуден на Реал Мадрид

Според информациите на шпанска „Марка“, фудбалерот на Манчестер Сити и бразилски репрезентативец Габриел Жезус, својата кариера би можел да ја продолжи во Реал Мадрид.

Реал Мадрид не успеа да го ангажира Килијан Мбапе, но клубот и понатаму планира засилување за напаѓачкиот ред од тимот. 

Извори блиски до Реал тврдат дека од Манчестер Сити им го понудиле Жезус бидејќи за Бразилецот нема место во тимот после доаѓањето на Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез. Договорот на фудбалерот со Сити важи до јуни 2023 година, а обештетувањето за негов ангажман е 50 милиони евра.


Бејл не размислува за пензија по успехот со велшката репрезентација

Герет Бејл, кој има богата ризница на клупски план, конечно успеа да замине и на Мундијалот во Катар откако репрезентацијата на Велс по цели 64 години повторно ќе биде дел од големиот собир.

„Си го остваривме сонот со пласманот на Светското првенство. Ќе бидеме горди на успехот. Веројатно ќе мора да ја одложам пензијата“, беа зборовите на Бејл кој последниот ангажман го имаше во редовите на европскиот шампион, Реал Мадрид.


Пулишиќ ќе го менува Мане во Ливерпул

Садио Мане кажа пред медиумите дека сака да си замине од Ливерпул ова лето, а како негов следен клуб се споменува Баерн Минхен.

Ливерпул има договор на уште една година со Мане, со кого не успеаа да се договорат за продолжение на соработката.

Премиерлигашот нема да чека Мане да си замине од тимот, па потоа да тргне по негова замена, туку тренерот Јирген Клоп веќе избрал ново засилување.


Зидан станува најплатен тренер на светот

„Мундо Депортиво“ пренесува дека Париз Сен Жермен му понуди на славниот француски тренер Зинедин Зидан, годишна плата од 25 милиони евра.

Зидан пред неколку денови имал состанок со челниците на клубот од Париз, но не бил постигнат договор. Меѓутоа раководството на ПСЖ не се откажува од ангажманот на Зидан па наводно ја зголемиле својата понуда на неверојатни 25 милиони евра по сезона.

Доколку Зинедин Зидан ја прифати понудата тој ќе стане најплатениот тренер на светот. Во моментот тренер со највисока заработка е Диего Симеоне од Атлетико Мадрид со годишна плата од 24 милиони евра.