фудбал

Ливерпул ја одбил првата понуда од Баерн за Мане

Баерн ja испратил првата понуда за Мане и таа изнесувала околу 25 милиони евра, но Ливерпул веднаш ја одбил.

„Тајмс“ објави дека Баварците понудиле 25 милиони евра, плус бонуси за Мане, кои Ливерпул би ги добил кога Сенегалецот со Баерн ќе ја освои Лигата на шампионите. На „Енфилд“ воопшто не биле задоволни да влегуваат во сериозни разговори за оваа понуда затоа што сметаат дека Мане вреди многу повеќе.

Договорот на Мане со Ливерпул истекува по следната сезона, а ова лето е последна прилика за „црвените“ да заработат од неговото заминување.

Мане со изјавите во јавноста не потврдил дека сака да замине, меѓутоа на големо се најавува дека тоа и ќе го направи. Наводно Сенегалецот после времето поминато во Ливерпул сака нов предизвик. Во таборот на „црвените“ пристигна во 2016 година и на 269 натпревари постигна 120 голови.


Милнер спремен да ја намали платата за да остане во Ливерпул

Џејмс Милнер е подготвен да ја намали платата за да остане во Ливерпул, објавија медиумите во Англија.

Според изворот, новиот договор ќе трае уште една година. Девете страни веќе ги започнале преговорите. Претходно, Милнер го доби Орденот на британската империја за заслуги во фудбалот и добротворни цели, соопшти прес-службата на Ливерпул. Награден е за долга професионална кариера и за основање на добротворна фондација за промовирање здрава рекреација за младите во Обединетото Кралство.

Милнер дојде во Ливерпул во 2015 година со слободен трансфер. Тој оваа сезона настапи на 35 натпревари во сите натпреварувања, со три асистенции. Актуелниот договор на англискиот играч за врска истекува на крајот од сезоната.


Велс избори учество на Светското првенство во Катар

Фудбалската репрезентација на Велс, успеа да се пласира на Светското првенство во Катар. Велшаните во финалниот бараж одигран во Кардиф ја совладаа Украина со резултат 1:0.

Ова за Велс е прво учество на едно Светско фудбалско првенство после 64 години. Единствениот погодок на натпреварот беше забележан во 34.минута од средбата кога украинскиот фудбалер Андреј Јармоленко си постигна автогол после одбиената топка од слободниот удар изведен од Герет Бејл.

Селекцијата на Велс на СП во Катар ќе биде во групата Б каде ќе се сретне со репрезентациите на Англија, САД и Иран.


Јасен Петров си поднесе неотповиклива оставка по дебаклот од Грузија

По поразот на домашен терен од Грузија, падна првата селекторска „жртва“ во новото издание на Лигата на нации. Нашиот прв противник во Лига Ц, репрезентацијата на Бугарија беше убедливо поразена од Грузија со 2-5 и веднаш остана без селектор.

Јасен Петров веднаш по натпреварот си поднесе неотповиклива оставка, а ја соопшти на официјалната прес-конференција по натпреварот во Разград.

„Благодарност до навивачите и големо извинување, бидејќи не го заслужија ова понижување. Немам морално право да останам и ја преземам целата одговорност за овој срам. Ќе дојде друг тренер, кој подобро ќе ги мотивира репрезентативците за следните натпревари“, рече Петров.

Бугарија сега ја очекува гостување кај Гибралтар, а потоа ќе играат во Тбилиси кај Грузија со што ќе го финишираат овој јунски дел од Лигата на нации.


Даниел Фарке е нов тренер на Борусија Менхенгладбах

Бившиот тренер на Норвич, Даниел Фарке е нов тренер на Борусија од Менхенгладбах.

45-годишниот германски стручњак според договорот ќе остане да го води тимот од Менхенгладбах до 2025 година.

Фарке претходно пет години беше тренер на Норвич Сити, од каде после отказот кој го доби замина во Русија и екипата на Краснодар, но поради ситуацијата со Украина тој одлучи да ја прекине соработката и да го напушти клубот.


Томори добива нов договор на „Сан Сиро“

Милан и дефанзивецот на „росонерите“ Фикајо Томори се во напредни преговори за продолжување на договорот на централниот дефанзивец.

Актуелниот договор на Англичанецот истекува во 2025 година, но новиот шампион на Италија е задоволен од настапите на фудбалерот и ќе ја зголеми годишната плата на 3,5 милиони евра. Томори пристигна на „Сан Сиро“ во јануари 2021 година со трансфер од Челзи, првично на позајмица, а потоа и постојан договор.

Во текот на шампионската сезона за „росонерите“ 2021/22 Томори одигра 40 натпревари во сите натпреварувања. 24-годишниот дефанзивец постигна и еден гол во Лигата на шампионите.


Чави ја состави листата на барања: Левандовски, Рафиња, Кристенсен

Тренерот на Барселона, Чави, составил список со играчи кои по секоја цена ги посакува во новата сезона во дресот на Каталонците.

Радио Каталонија објави дека на списокот се наоѓаат играчот од средниот ред на Милан Френк Кеси, дефанзивците Андреас Кристенсен, Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо од Челзи, напаѓачот на Баерн Минхен Роберт Левандовски, крилниот напаѓач на Лидс, Рафиња, дефанзивецот на Севиља, Кунде.

Засега тешко оди реализацијата на добар дел од овие трансфери, иако според информаците, Кристенсен и Кеси се веќе договорени.


Перез спреми пари за две големи засилувања на европскиот првак

Реал Мадрид пред неколку дена го официјализирапе трансферот на Антонио Рудигер, но тоа е само почеток.

Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ се во напредни преговори за два големи трансфери кои треба да бидат завршени во наредните денови.

Првиот е Орелиан Чуамени од Монако, кој е најголема желба за засилување на средниот ред. 22-годишниот Французин ги импресионираше сите со своите настапи, а Реал Мадрид испрати понуда од 80 милиони евра и трансферот е пред реализација.

Второто големо засилување треба да биде ѕвездата на Бенфика, Дарвин Нуњес, кој исто така е мета на многу европски гиганти.

После пропаѓањето на трансферот на Мбапе, Анчелоти сака да донесе врвен централен напаѓач, кој во иднина ќе биде наследник на Бензема.


Jунајтед нуди богатство за Тами Абрахам

Примарна цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најново име на списокот е Тами Абрахам.

Aнглискиот напаѓач Тами направи вистински потег со трансферот во Рома затоа што ја игра сезоната на кариерата.

Сезонава Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. 

Најсилен интерес за Абрахам покажува Манчестер Јунајтед, бидејќи приоритет на „црвените ѓаволи“ е врвен напаѓач. Поради потешкотиите да дојдат до потписот на Дарин Нуњес сега Јунајтед ќе се насочи кон Абрахам и спреми понуда од 80 милиони фунти.


Сасуоло ја одби понудата на Арсенал за трансфер на Скамака

Челниците на фудбалскиот клуб Сасуоло, не ја прифатија понудата на Арсенал за напаѓачот Џанлука Скамака, пренесуваат италијанските медиуми.

Наводно, висината на понудата од Арсенал за 23-годишниот голгетер изнесувала 41 милион евра, но истата е одбиена.

Освен Арсенал, најсериозен нтерес за ангажман на Скамака изразил и Интер од Милано.

Во минатата сезона Џанлука Скамака на 36 натпревари во Серија А, постигна 16 гола. Неговиот договор со Сасуоло истекува во 2026 година.