фудбал

Јуве фаворит за потписот на Алекс Грималдо од Бенфика

Јувентус ќе се обиде да го договори трансферот на левиот бек на Бенфика, Алекс Грималдо.

Гримално веќе подолго време е мета на Арсенал, па се очекува голема битка за неговиот потпис ова лето, пренесува „А Бола“.

Јувентус е во потрага по лев бек бидејќи планира ова лето да се раздели со Алекс Сандро, а во Гримално гледа идеално засилување.

Според „А Бола“ Јувентус започнал преговори со Бенфика, која за слободата на Грималдо бара помеѓу 15 и 20 милиони евра.


Челзи е многу блиску до ангажман на Дембеле

Англискиот прволигаш Челзи е фаворит за потписот на Французинот од Барселона, Усман Дембеле.

Се очекува Дембеле да пристигне на Стенфорд Бриџ како замена за Ромело Лукаку кој најверојатно ќе замине како позајмен играч во Интер.

25-годишниот Дембеле би бил првото засилување на Челзи после доаѓањето на новите соственици. Тренерот Томас Тухел добро ги познава квалитетите на фудбалерот од времето кога двајцата заедно соработуваа во Борусија Дортмунд.


Конате доби повик во француската репрезентација

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, упати дополнителен повик за настап во репрезентацијата до дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате.

Конате во тимот на Триколорите ќе го замени фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан. 29-годишниот Варан се здоби со повреда на натпреварот од Лигата на нациите против Данска. Тој дуел заврши со изненадувачка победа на Данска со 1:2.

Ова за Ибрахима Конате ќе биде дебитантски настап за сениорскиот тим на Франција. 23-годишниот фудбалер досега има настапувано за сите младински репрезентации на оваа земја.


Тевез ја заврши играчката кариера

Бившиот аргентински репрезентативец Карлос Тевез објави дека става крај на својата фудбалска кариера. 

38-годишниот Тевез истакна дека за него фудбалот повеќе нема смисол откако минатата година почина неговиот очув, кој беше негов најголем фан.

Карлос Тевез својата играчка кариера ја започна во 2001 година во Бока Јуниорс, за во 2005 година да прејде во бразилскиот Коринтијанс. Две години подоцна започна неговата кариера во Европа каде прв клуб му беше Вест Хем Јунајтед. Потоа настапуваше за Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус. Во 2015 година повторно се врати во Аргентина и Бока Јуниорс.


Садио Мане е најдобар стрелец во историјата на Сенегал

Фудбалската репрезентација на Сенегал, на стартот од квалификациите во Африканскиот куп на нации, ја совлада селекцијата на Бенин со резултат 3:1, а троен стрелец на натпреварот беше Садио Мане.

30-годишниот играч на Ливерпул, со овие три гола во првиот дел од квалификациите, стана најдобар стрелец на Сенегал на сите времиња. Мане на 89 натпревари има постигнато 32 гола. Во дресот со државниот грб дебитира во мај 2012 година.


Тилеманс пред потпис со лондонски Арсенал

Арсенал е во напредни преговори со Лестер за трансфер на Јури Тилеманс.

Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а најголема желба на Артета е токму Тилеманс.

25-годишниот Белгиец е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата, но и тој самиот изразл желба да ја промени средината.

Арсенал веќе започнал преговори со Лестер, а првата понуда на „топџиите“ е 35 милиони фунти, сума приближна на онаа која ја бараат „лисиците“ за слободата на Тилеманс.


Елмас: Мора да ја подобриме реализацијата против Гибралтар

Селекторот Благоја Милевски ќе направи одредени промени во составот на нашата репрезентација за натпреварот со Гибралтар, а со тоа повеќе фудбалери ќе добијат поголема минутажа.

На средбата со новинарите гзборуваше Елиф Елмас, кој ќе биде еден од поискусните во составот на нашата репрезентација и покрај својата младост.

„Доста време мина откако играв во Гибралтар, тешко дојдовме до победата. Домаќинот играше затворено и ни создаде проблеми. На секој натпревар мора да играме максимално, дојдовме да одиграме максимално и да освоиме три бода. Ни фалеше реализацијата во Бугарија, промашивме многу шанси. Сега ни следат три натпревари на кои реализацијата треба да биде перфектна. Ќе биде потешко да играме на вештачка трева, но без разлика на тоа ние мора да победиме“, истакна Елмас.

Натпреватот Гибралтар – Македонија се игра попладнево од 18:00 часот, а во вечерниот термин од 20:45 часот во Разград, Бугарија ја пречекува Грузија.


Париз Сен Жермен подготви отказ за Почетино

Медиумите во Франција пишуваат дека тренерот на Париз Сен Жермен, Маурицио Почетино нема да ја задржи функцијатса. Според пишувањата, Аргентинецот ќе добие отказ во наредните денови после враќањето на претседателот на клубот од Доха во Париз.

Веќе е познат и наследникот на Почетино за клупата на ПСЖ. По се изгледа тоа ќе биде францускиот тренер Кристоф Галтие. Галтие е избор на новиот спортски директор на клубот од Париз, Луис Кампос. Двајцата работеа заедно во екипата на Лил кога во 2021 станаа шампиони на Лига 1.


Хенрик Михтаријан од Рома заминува во Интер

Познатиот новинар Фабрицио Романо пренесува дека играчот од средниот ред на Рома Хенрик Михтаријан кариерата ќе ја продолжи во Интер.

Претходно Ерменецот одржал состанок со раководството на Рома на која изјавил дека нема да го продолжи договорот бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите, и како слободен играч ќе се пресели во екипата на Интер. Се очекува договорот да биде потпишан на две години.


Јуве фаворит, но Погба уште не одлучил каде ќе продолжи следната сезона

Францускиот фудбалски репрезентативец, Пол Погба, не знае каде ќе ја продолжи кариерата откако го напушти составот на Манчестер Јунајтед.

Медиумите наведуваат дека за неговиот потпис се заинтерсирани Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ и дека првата конкретна понуда ја добил од Италија.

Наводно, „старата дама“ од Торино му понудила плата од осум милиони евра годишно со вклучени бонуси. Тоа е речиси половина од примањата што ги имаше на – „Олд Трафорд“.