фудбал

Пирло можен тренер на ФК Партизан

Раководството на фудбалскиот клуб Партизан, подготвува вистинско летно изненадување. Од клубот се решени тренерското место на екипата да му го доверат на легендарниот Италијанец Андреа Пирло.

Според информациите од Србија, Партизан за доведување на Пирло е подготвен да издвои 1,5 милиони евра по сезона. Конечниот одговор од италијанскиот стручњак се очекува да биде познат до крајот на следната недела.

После богатата играчка кариера, Пирло како тренер работеше две години и помина по една сезона во младиот и првиот тим на Јувентус.


Баџо: Срамота е Италија како европски првак да не игра на Мундијалот

Репрезентацијата на Италија како европски првак мораше да избори директен пласман на Светското првенство во Катар, изјави легендарниот фудбалер на „азурите“, Роберто Баџо, цитиран од италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“.

Италија стана континентален шампион минатата година, откако во финалето во Лондон ја совлада Англија (3:2, 1:1) по подоброто изведување пенали.

„Азурите“ го зазедоа второто место во групата зад Швајцарија во квалификациите за Светското првенство во Катар. Италија потоа загуби во плеј-офот од Северна Македонија и остана без пласман на Светското првенство.

„Срамота е што Италија како европски првак автоматски не избори пласман на Мундијалот. Секој може да загуби кога има лош ден, но овие фудбалери заслужуваат награда за сработеното. Да бев дел од тимот, тешко ќе го прифатев тоа“, изјави Баџо.


Ајакс достави официјална понуда за Бергвајн

Тотенхем доби официјална понуда од Ајакс за холандскиот крилен напаѓач Стивен Бергвајн.

24-годишниот крилен напаѓач е подготвен да преговара со гигантот од Амстердам за неговите лични услови до јуни 2027 година.

Спарс од Лондон се подготвени да го продадат фудбалерот ова лето и моментално се водат преговори“.

Бергвајн забележа 32 натпревари на сите турнири во сезоната 2021/22, постигнувајќи 4 гола и 2 асистенции. Тој пристигна во Тотенхем со трансфер за 30 милиони евра од ПСВ Ајндховен во јануари 2020 година.


Емерсон од Тотенхем жртва на вооружен грабеж во Бразил

Емерсон Ројал преживеал вистински хорор и бил мета на обид за вооруѓжен грабеж, кој прераснал во престрелка во која била испалени 30-тина куршуми.

Емерсон замина на одмор во Бразил, и таму бил нападнат од вооружени крадци, а неговиот агент ги откри деталите.

„Кога замина од забава, еден полицаец го замоли да се фотографираат, по што биле нападнати со пиштол. Крадецот го побарал неговиот часовник, а откако го забележал полицаецот почнал да пука“, откри агентот.

Полицаецот реагирал и пукал кон крадецот, кој бил погоден во грбот и однесен во локалната болница, а се се случувало во 3 часот наутро во Сао Паоло.


Френки Де Јонг: Сакам да останам во Барселона

Играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг изрази уверување дека ќе остане на „Камп Ноу“ и во новата сезона. Шпекулациите за иднината на Де Јонг станаа актуелни откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед го посакува во своите редови. Новиот тренер Ерик Тен Хаг изрази желба за доведување на фудбалерот, но се уште нема конкретна понуда од англискиот клуб.

„Имам доволно самодоверба за да успеам во Барселона. Не се плашам од ништо. Неодамна разговарав со тренерот Чави. Имавме многу добар разговор. Не сакам да ги коментирам шпекулациите за трансфер во Јунајтед или кој било друг клуб“,изјави Френки де Јонг.


Капело ги издвои најзаслужните за успесите на Милан

Фабио Капело, еден од највлијателните фудбалски тренери во Италија, не крие дека е многу задоволен од работата на директорите на Милан, Паоло Малдини и Фредерик Масара. Тој во последното интервју, нагласи дека двајца имаат голем придонес за освојувањето на титулата во Серија А.

„Малдини и Масара одлично се справија со трансферите. Паоло е неверојатно талентиран и многу паметен. Уште еден позитивен факт е отпорот против доаѓањето на Ралф Рангник иако сопствениците сакаа да го ангажираат Германецот без да побараат мислење од управата“, потенцираше Капело.


Де Брујне: Халанд ќе даде 25 гола во првата сезона во Англија

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне, кој беше прогласен за МВП во последната сезона во Премиер-лигата, вели дека доаѓањето на Ерлинг Халанд на стадионот – „Етихад“ ќе донесе нов квалитет во тимот.

„Треба да се развиваме и да напредуваме. Мислам дека во првата сезона може да постигне 20-25 голови“, беа дел од зборовите на Белгиецот.

Халанд кој вчера го псотигна победничкиот гол за Норвешка на гостувањето во Србија во Лигата на нации, неодамна ја напушти Борусија Дортмунд и се пресели во англискиот фудбал.


Тотенхем нема да го откупи Голини, Италијанецот се враќа дома

Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем нема да ја искористат опцијата во договорот за да ги откупат правата на голманот, Пјерлуиџи Голини.

27-годишниот чувар на мрежата во штотуку завршената сезона одигра само 10 натпревари во сите конкуренции и прими 11 голови. Голини во претходното лето беше испратен на позајмица од Аталанта, но, не успеа да ги убеди челниците на „спарси“ да му дадат перманентен договор.

Тоа значи дека младиот голман ќе мора да се врати во Бергамо.


Давид де Хеа е избран за најдобар играч во Манчестер Јунајтед

Голманот Давид де Хеа е избран за „Играч на сезоната“ од страна на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

31-годишниот Шпанец одигра полни 90 минути на 38-те првенствени натпревари во сезоната и со одличните одбрани често го спасуваше тимот од порази.

Де Хеа оваа награда ја добива по четврти пат.


Ајакс со понуда до Тотенхем за Бергвајн

Тотенхем доби официјална понуда од Ајакс за крилниот напаѓач Стивен Бергвајн. 24-годишниот крилен напаѓач е подготвен да преговара со Ајакс за негов трансфер во Холандија. Од Тотенхем ќе дозволат заминување на играчот ова лето и во моментот се разгледува понудата од Ајакс.

Бергвајн одигра 32 натпревари оваа сезона, постигнувајќи 4 гола и 2 асистенции. Тој пристигна во Тотенхем за 30 милиони евра од ПСВ Ајндховен во јануари 2020 година.