фудбал

Јуве ќе го раскине договорот со Арон Ремзи

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи може да го напушти клубот ова лето.

Раководството на италијанскиот гигант размислува за предвремен раскин на договорот со 31-годишниот Велшанец. Договорот на Ремзи со „Старата дама“ истекува во летото 2023 година.

Платата на играчот од средниот ред е 7 милиони евра годишно.

Во јануари Ремзи беше позајмен на Ренџерс. За шкотскиот клуб одигра 13 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 2 гола и 2 асистенции. Ремзи влезе во финалето на Лига Европа како резерва со Ајнтрахт, а Велшанецот промаши одлучувачки пенал во пенал рулетот.


Меморијален турнир Пеце Матичевски

После две години повторно ќе се одржи меморијалниот турнир “Пеце Матичевски” кој поради пандемијата беше на пауза .
Оваа година ќе биде шестта по ред , на турнирот ќе има околу 30 екипи.


Ждрепката ќе се одржи на 3 јуни а официјално турнирот ќе започне на 6 јуни.


Агуеро: Втората сезона на Меси во ПСЖ ќе биде многу подобра

Серхио Агуеро е уверен дека Лионел Меси ќе има голем успех во Пари Сен Жермен. Освојувачот на седум „Златни топки“ постигна 11 гола во својата прва сезона во Париз и не играше на своето вообичаено многу високо ниво. Според неговиот поранешен соиграч во репрезентацијата на Аргентина, Меси ќе блесне посилно во втората година во клубот.

„Тоа беше неговата прва година, тој мора да се прилагоди на поинаков шампионат. Сепак, тој се претстави многу добро. Оставајќи ја Лигата на шампионите на страна, тие без проблем ја освоија шампионската титула. ПСЖ е полн со врвни играчи, а Лео е победник. Сигурен сум дека неговата втора сезона ќе биде уште подобра“, сподели Агуеро.


Челзи има нов сопственик, Тод Боли го купи клубот од Абрамович

Фудбалскиот клуб Челзи и официјално потврди дека клубот е продаден и повеќе не е во рацете на рускиот бизнисмен Роман Абрамович. Нов сопственик на сè уште актуелниот европски шампион е Тод Боли, сопственик на безбол клубот Лос Анџелес Доџерс.

Конзорциумот – предводен од Боли, како и од Кларк Капитал, Марк Волтер и швајцарскиот милијардер Хансојерг Вис – за преземање на клубот ќе платат околу 4,5 милијарди долари и ќе има обврска да инвестира уште 1,7 милијарди долари во него, објавија медиумите на Островот.

„Челзи може да потврди дека е постигнат конечен и дефинитивен договор за продажба на клубот на Тод Боли/Клирлејк Капитал. Трансакцијата се очекува да биде комплетирана во понеделник. Клубот потоа ќе објави дополнителни информации“, се вели во соопштението на Челзи.


Џерард сака да го доведе Суарез во Астон Вила

Тренерот на Астон Вила, планира ангажман на неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Луис Суарез. 

35-годишниот Уругваец е слободен играч откако заврши неговиот договор со Атлетико Мадрид. Тој беше блиску до премин во Астон Вила во јануари, но проблем за трансферот беше високата плата која ја побарува играчот.

Суарез беше соиграч на Џерард во Ливерпул, од каде премина во екипата на Барселона, а подоцна стана и член на Атлетико Мадрид.


Манчестер Јунајтед во офанзива за Рубен Невес

Манчестер Јунајтед започнува со голема реконструкција на тимот. Холандскиот менаџер Ерик тен Хаг и официјално го презеде кормилото на „Олд Трафорд“, а веќе со недели се шпекулира кој би можел да ги засили „црвените ѓаволи“ ова лето.

Според англиските медиуми, Јунајтед покажал сериозен интерес за играчот од средниот ред на Волвс, Рубен Невес.

Португалскиот репрезентативец ги исполнил критериуми на Ерик тен Хаг и според наводите раководството на клубот започна со реализација на трансферот.

Рубен Невес има одиграно преку 200 натпревари за Вулверхемптон и е еден од најважните играчи на тимот откако дојде од Порто во 2017 година.


Томас Милер: Ливерпул ќе победи во финалето на ЛШ после изведување на пенали

Еден од најискусните фудбалери на Баерн Минхен, Томас Милер даде своја прогноза за исходот на финалниот дуел од ЛШ помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид.

Според Милер, освојувач на трофејот ќе биде тимот на Ливерпул после изведувањето на пенали, а резултатот во регуларниот дел на натпреварот ќе биде 2:2.

„Мојот впечаток е дека Ливерпул е подобар, но после се она што Реал го направи оваа сезона во ЛШ, неможе да се отпишат. Мојата прогноза е дека во регуларниот дел резултатот ќе биде 2:2, а победник ќе биде Ливерпул после изведување на пеналите“, изјави Милер.


Иван Перишиќ се договори со Тотенхем

Офанзивниот фудбалер на милански Интер , Иван Перишиќ наскоро ќе потпише договор со Тотенхем.

Според објавите во некои од англиските медиуми, хрватскиот репрезентативец договорил двегодишен договор со клубот од Лондон чиј тренер е Антонио Конте.

33-годишниот фудбалер имал понуди и од Јувентус и Челзи, меѓутоа како победник во трката за негов потпис најверојатно ќе излезе Тотенхем. Големи заслуги за договорот иако не е финализиран има тренерот Конте кој имаше одлична соработка со Перишиќ во Интер.

Договорот на Хрватот со Интер истекува на крајот од јуни и во Лондон би се преселил како слободен играч.


Астон Вила искешира 45 милиони евра за Диего Карлос од Севиља

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бразилецот Диего Крлос е нов играч на Астон Вила,

Диего Карлос доаѓа од редовите на Севилја. За неговите услуги беа заинтересирани и посилни клубови како Тотенхем и Арсенал, но на крајот тимот од Бирмингем беше најбрз и најконкретен.

Претходно се пишуваше дека Карлос се договорил со Њукасл, но таа информација се покажа како шпекулација. Трансферот е вреден околу 45 милиони евра.


Пелегрини од Рома е МВП на Конференциската лига

Лоренцо Пелегрини е избран за најдобар играч во Конференциската лига во оваа дебитантска сезона на овој турнир на УЕФА. „Волчицата“ од Рим дојде до првиот трофеј на европските турнири по победата од 1-0 во финалето одиграно во Тирана против Феенорд.

25-годишниот офанзивен играч за врска има постигнато 5 гола во Лигата на конференциите (вклучувајќи ги и квалификациите). Пелегрини се истакна и со 2 асистенции во 12-те натпревари оваа сезона, објави официјалниот сајт на УЕФА.

Во идеалниот тим на сезоната во Лигата на конференциите се уште тројца играчи на Рома – голманот Руи Патрисио, дефанзивецот Крис Смолинг и напаѓачот Теми Абрахам. Во единаесетмината се и пет играчи на финалистот Феенорд. Станува збор за дефанзивците Геертруида и Маласија, централниот бек Гернот Траунер и напаѓачите Луис Синистера и Сирил Десерс. Идеалниот тим го надополнуваат Димитри Паје од Олимпик Марсеј и Киернон Дјузбери Хал Сити.