фудбал

Борусија Дортмунд купува уште еден талент од Англија

Талентот на Манчестер Сити, Џерард Брааф наскоро ќе потпише договор со Борусија Дортмунд, пренесува новинарот Фабрицио Романо. 19-годишниот крилен напаѓач веќе ги договорил личните услови со „милионерите“, а двата клуба ги договараат последните детали.

Брааф минатата сезона играше со младинскиот тим на Сити, а претходно беше на позајмица во Удинезе каде постигна 4 гола во Серија А.

Како што е познато претходно Дортмунд го донесе Џејдон Санчо како талент од Сити, кој блесна во дресот на „милионерите“.


Арсенал фаворит за потписот на Алваро Мората

Алваро Мората би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал, пренесуваат шпанските медиуми.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, кој е на позајмица во Јувентус, мора, а торинскиот клуб има можност до 35 јуни да го купи напаѓачот од Атлетико за 35 милиони евра. Шпанскиот спортски весник „Ас“ наведува дека Јувентус не сака да ја продолжи соработката со Мората, кој во тој случај би морал да се врати во Мадрид.

Сепак, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне не смета на шпанскиот репрезентативец кој ќе мора да бара нов клуб. Шпанските медиуми истакнуваат дека Мората има понуда од Арсенал, кој подготвува понуда до мадридскиот клуб за искусен напаѓач.

Мората (29) порано играше за Челси и доколку се договори со Арсенал, ќе влези во историјата како фудбалер кој ги носел дресовите на два мадридски и два лондонски клуба.


Кејн не размислива за заминување, ќе игра за Тотенхем и следната сезона

Хари Кејн не крие дека е презадоволен од работата на тренерот, Антонио Конте и дека размислува да остане кај популарните – „спарси“.

Репрезентативецот на Англија во претходното лето инсистираше да го напушти клубот, но, челниците не му дозволија да направи трансфер во Манчестер Сити.

Откако „граѓаните“ неодамна го купија Ерлинг Халан, јасно е дека Кејн не може да се пресели на „Етихад“ и затоа ќе остане на – „Вајт Харт Лејн“ да го одработи договорот кој му истекува во 2024 година.


Малдини: Леао не е на продажба

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, за Газета дело Спорт изјави дека Рафаел Леао ќе остане во клубот и нема да биде продаден, а истакна и дека трансферот на Дивок Ориги од Ливерпул е речиси договорен.

„Рафа Леао не е на продажба. Тој има откупна клаузула од 150 милиони евра, но немаме намера да се разделиме со него“, изјави Малдини.

Се очекува Милан наскоро да го објави ангажманот на напаѓачот Дивок Ориги кој ќе пристигне како слободен играч. „Преговараме со Ориги и разговорите се одвиваат добро“, истакна Малдини.


Уругваецот Оливера од Хетафе се сели во Наполи

Наполи официјално потпиша договор со уругвајскиот репрезентативец Матијас Оливера. Десниот бек доаѓа од Хетафе и ќе биде прво засилување за тимот на нашиот Елмас во летниот трансфер период.

Веста за трансферот ја соопшти претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Оливера помина четири сезони во Хетафе. За тимот од предградието на Мадрид забележа 111 натпревари на кои постигна два гола и седум асистенции.


Маурицио Сари ја продолжува соработката со Лацио

Тренерот на Лацио Маурицио Сари се договори со управата на клубот и ќе продолжи да ја води екипата и во иднина.

Според објавата во италијанските медиуми, искусниот стручњак ќе остане на „Олимпико“ до 2025 година,а неговата плата се очекува да изнесува 3,5 милиони евра по сезона. 

Иако имаше шпекулации дека Сари ќе си замине од Рим поради несогласувања со водечките луѓе од клубот, сепак тој и понатаму ќе го води тимот во Серија А и Лига Европа.


Винициус Жуниор: Ова е најважниот натпревар во мојата кариера

21-годишниот Бразилец утре со Реал Мадрид ќе го одигра своето прво финале во Лигата на шампионите. Кралскиот клуб во Париз ќе игра против англискиот великан Ливерпул.

„Замислував дека еден ден тоа може да се случи, но не очекував дека ќе се случи толку брзо. Работев многу напорно за овој момент, и сум многу среќен. Ова е најважниот натпревар во мојата кариера. Не е лесно да се дојде толку млад во клуб како Реал Мадрид, и да имаш шанса да играш во финалето од Лигата на шампионите. Се надевам дека ова ќе биде мое прво финале од многуте што ќе следат“, изјави Винициус.


Рома заработи 15 милиони евра од освојувањето на Конференциската лига

Рома со победата против Феенорд во Тирана стана првата екипа која ја освоила Конференциската лига, за Рома ова беше прв трофеј после 1961 кога „волчицата“ го освои Купот на саемските градови.

Победата за тимот на Мурињо ја обезбеди Заниоло со голот во 32. минута од натпреварот, а со тоа Португалецот стигна до својот петти европски трофеј.

Кога се ќе се собере Рома oд Конференциската лига заработила 14.6 милионји евра. Тука не влегуваат парите кои клубот ги добиваше од ТВ правата. Со тие пари кои ќе ги добијат подоцна ќе имаат сума од околу 20 милиони евра.


Бајрами потпиша нов договор со „лавовите“

Тренерот на фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров, Муарем Бајрами, ќе остане кај „лавовите“ најмалку до 2024 година.

Тој откако го наследи Александар Таневски, влезе во неверојатна серија без пораз која траеше повеќе од четири месеци. Под неговата диригентска палка, Македонија го освои и победничкот пехар во националниот Куп.

Нареден предизвик за тимот од скопската населба, Ѓорче Петров, ќе биде учеството во квалификациите за Конференциската лига.


Катарските газди инсистираат Зидан да го преземе ПСЖ

Емирот на Катар инсистира на клупата на ПСЖ да го види Зинедин Зидан.

Според новинарот Фабрис Хокинс, Тамим бин Хамад Ал Тани во моментов е заинтересиран единствено замо за Зидан, кој оваа сезона е без работа.

Тој прави планови како да го убеди Французинот да седне на клупата на парижани, но засега разговорите не се во најдобра позиција, затоа што екс-тренерот на Реал (М) не искажува заинтересираност да го преземе францускиот првак, особено не откако на директорската позиција се најде Луис Кампос.