фудбал

Шефилд Јунајтед ставен на продажба ден по промоцијата во Премиер лигата

Фудбалерите на Шефилд Јунајтед изборија директна промоција во Премиер лигата, но нивниот сопственик, принцот Абдула бин Мусаид веќе планира да го продаде клубот.

Саудискиот принц склучил договор со нигерискиот бизнисмен Дози Момбуоси пред Божиќ, со што би добил 115 милиони фунти.

Сепак, сопственикот на „бладс“ сега бара други купувачи и се надева дека пред почетокот на сезоната ќе биде познат новиот сопственик.

„Ако дојдеме до одлука, сакам да биде пред подготовките за следната сезона, за да не се одрази на тимот. Ако сме во клубот, ќе го водиме најдобро што можеме. Мојата намера е да се продаде, но ништо не е загарантирано“, изјави Саудиецот.

Шефилд по две сезони поминати во Чемпионшип се враќа во елитното место на англискиот фудбал, а потврда за нивниот квалитет беше ФА Купот каде во полуфиналето беше елиминиран од Манчестер Сити.


Пети: Ако Мбапе сака „Златна топка“ мора да го напушти Париз

„Ако не можам да ги изберам двајцата, тогаш ќе го ставам Мбапе на врвот. Тој игра неверојатно од својата 17-та година, ги урна сите рекорди во Франција и е симбол за фудбал во нашата земја.

Сепак, ќе бидам и искрен кон него. Ако сака да ја освои Лигата на шампионите и „Златната топка“, тогаш треба да си оди од ПСЖ.  Следната сезона ќе мора да донесе нова одлука за својата иднина“, вели Пети.


Мурињо: Горд сум на моите фудбалери, ние не сме богат клуб и немаме милион играчи

Жозе Мурињо доживеа многу различни емоции во период од само 120 секунди во судиското продолжение, бидејќи неговата Рома најпрво постигна водечки гол во дербито со Милан, но потоа прими погодок во следната акција и натпреварот заврши 1-1.

„Ако зборувам само за перформансите од моите играчи, ќе кажам дека резултатот е нефер. Само ние може со вакви проблеми да одиграме вака против Милан. Со оглед потешкотиите кои ги имавме, само ние може да одиграме на ваков начин. Ние не сме богат тим, немаме голем состав и секојпат кога губиме еден играч, тоа е голем проблем за нас. Денеска загубивме многу играчи, но и покрај сите потешкотии, се боревме против овој Милан. Ако на крајот завршиме четврти на табелата, тоа ќе биде неверојатно. Нормално би било да сум тажен, но повеќе сум горд отколку што сум тажен“, изјави Мурињо.


Емери ја мерка престижната клупа на Реал и Барса

На Унаи Емери му оди одлично сезонава и откако минатата година го преземе овој клуб кога беше на 16-тата поиција сега тимот е на шестата позиција и се бори за излезе во Европа.

Колку добра работа извршува Емери на клупата доказ е што во тој период само Манчестер Сити освои повеќе бодови од него.

По ваквото водење на Астон Вила, Емери има самодоверба и очекува во иднина да ги води Реал Мадрид и Барселона.

„Мојот следен ангажман? Очекувам да се вратам во Шпанија и да бидам тренер на Реал Мадрид, Барселона или Атлетико“, изјави Емери.

Во минатото Емери беше тренер на Арсенал, Виљареал, ПСЖ, Севиља, Валенсија, Алмерија и Спартак Москва, а ваквата изјава покажува дека е полн со самодоверба.


Ибра пак се повреди, дали ова значи крај на кариерата?

Златан Ибрахимовиќ во последниот период се соочува со сериозни проблеми со повреди, па со оглед на неговите години се поставува и прашањето дали веќе ја завршува својата кариера.

Ибрахимовиќ се врати од повреда и се очекуваше да биде во конкуренција за последниот натпревар на Милан против Лече, но Швеѓанецот повторно се повреди на загревањето. Не беше познато колку ќе паузира Ибрахимовиќ, а денес пристигнуваат разочарувачки вести.

Повредата на мускулот која ја заработил Ибрахимовиќ воопшто не е


Полицијата ги „чешла“ финансиските книги на Баерн Минхен

Стадионот „Алијанц Арена“ и седиштето на фудбалскиот клуб Баерн синоќа биле претресени од истражители од федералната и регионалната криминалистичка полиција во Минхен, објави „Билд“. 

Според информациите, претресите биле извршени во рамки на кривична постапка за затајување данок и перење пари. Во материјалот на изданието се споменуваат поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес и рускиот олигарх Алишер Усманов. 


Наполи нема да слуша понуди летово за Кварацкелија

Наполи на лето ќе ги одбие сите клубови заинтересирани за купување на Квича Кварацхелија.

Според извори блиски до клубот, италијанскиот клуб нема да прима понуди за 22-годишниот крилен напаѓач, кој е еден од најважните играчи за иднината на клубот.

Напаѓачот Виктор Осимен или дефанзивецот Ким Мин, чии договори имаат клаузула за заминување би можеле за соодветна понуда да си заминат.


Тами Абрахам ќе биде замената за Осимен во Неапол

Наполи е заинтересиран за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам.

Минатата сезона  Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. Оваа сезона игра нешто послабо, а медиумите откриваат дека влегол во конфликт со тренерот Мурињо, па Рома е спремна да го продаде на лето.

Наполи будно ја следи ситуацијата и во него гледа идеална замена за Осимен, кој игра фантастична сезона, па Наполитанците тешко ќе можат да го задржат.

Европските гиганти се спремни да понудат повеќе од 100 милиони евра за Осимен, па доколку замине, Наполи ќе се насочи кон Абрахам.


Почетино го „краде“ Кејн во Челзи

Се поизвесно е дека Маурисио Почетино на лето ќе седне на кормилото на Челзи.

Почетино веќе почнал да прави летна селекција и му посочил на раководството дека главна трансфер желба е Хари Кејн од Тотенхем. Кејн веќе донесе одлука на лето да ја промени средината, а и Тотенхем е спремен да го продаде бидејќи напаѓачот влезе во последната година од договорот.

„Спарси“ за неговата слобода бараат најмалку 100 милиони евра, а најсилен интерес за Кејн покажува Манчестер Јунајтед.

Челзи е спремен да се бори за потписот на Кејн и сака да ја победи конкуренцијата.


Санчо сака да се врати во Дортмунд

Џејдон Санчо пред две години се пресели во Манчестер Јунајтед и се очекуваше да биде големо засилување.

Санчо блескаше во Борусија Дортмунд, но имаше лоша прва сезона на „Олд Трафорд“, а оваа сезона имаше прихолошки проблеми, па пропушти многу натпревари.

Англиските медиуми пренесуваат дека 23-годишниот Англичанец сака да се врати во Борусија Дортмунд и настојува Јунајтед да му дозволи да замине на позајмица.

Тој верува дека ќе може да ја „оживее“ својата кариера токму во Дортмунд, но „црвените ѓаволи“ потрошија многу пари за неговиоот трансфер и тешко дека ќе му дозволат лесно да замине.