фудбал

Ковачиќ и Осимен се првите две желби на Тухел во новиот Баерн

Томас Тухел неодамна пристигна во Баерн Минхен, а на лето ќе има поддршка да донесе засилувања по своја мерка.

Германските медиуми пренесуваат дека Тухел побарал од раководството две засилувања, едно во нападот и едно во средниот ред. Најголема желба на Германецот е напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, кој оваа сезона е вистински хит во Серија А.

За него интерес покажуваат многу европски гиганти, но Баерн е спремен да ја победи конкуренцијата и нема да жали пари за да го доведе во Минхен.

Другата желба на Тухел е Матео Ковачиќ со кого соработуваше во Челзи. Овој трасфер е полесен за реализација бидејќи „сините“ се спремни да го продадат Хрватот, кој влегува во последната година од договорот.


Канте ќе го изневери Челзи и ќе потпише за Арсенал

Нголо Канте на лето најверојатно ќе го напушти Челзи, бидејќи ги прекина преговорите за продолжување на договорот.

Медиумите на Островот пренесуваат дека може кариерата да ја продолжи во големиот ривал на Челзи.

Имено, Арсенал покажува сериозен интерес и испратил понуда до неговиот агент. Артета е во потрага по квалитетен играч за врска и верува дека Канте би бил идеално засилување. Канте влезе во последната година од договорот со Челзи, па иако се чинеше дека „сините“ ќе направат се за да го задржат, сепак Французинот е блиску до заминување.

Канте сака да остане во Премиер лигата, па е спремен да ја прифати понудата на Арсенал.


Халанд го сруши Премиер-рекордот на Мо Салах

Ерлинг Халанд го собори рекордот на Мохамед Салах за најмногу голови во сезоната во Премиер лигата со 38 натпревари. Норвежанецот постигна гол во победата од 4-1 над Арсенал и го зголеми својот број на 33 оваа сезона. Египќанецот досега го држеше рекордот со 32 постигнати гола во сезоната 2017/18.

Инаку, Енди Кол и Алан Ширер го држат рекордот за најмногу голови досега во една сезона во Премиер лигата со по 34. Двајцата ист број на голови во сезоните 1993/94 и 1994/95, но разликата е во тоа што одиграа по 42 натпревари во текот на сезоната. До крајот на сезоната остануваат уште само 7 натпревари, па Халанд ќе има можност да ги подобри дури и рекордите на Кол и Ширер. Она што е уште поимпресивно е што Норвежанецот може да го направи тоа во својата прва сезона во Премиер лигата.

Инаку, Халанд има вкупно 49 гола од стартот на сезоната во сите натпреварувања. Тој е и водечки стрелец во сезоната на Лигата на шампионите со 11 голови.


Леао ги одбил понудите од Челзи и Реал

Газета дело Спорт објавува дека напаѓачот на Милан, Португалецот Рафаел Леао ги одби понудите за трансфер од Челзи и Реал, бидејќи сака да ја продолжи соработката со клубот од Италија.

Според информациите, менаџерот на Леао, Жорж Мендеш разговарал со претставниците на Челзи и Реал и им соопштил дека репрезентативецот на Португалија нема желба да го напушти Милан.

Леао со Милан има договор до 30.јуни 2024.година, и според најавите тој ќе ги продолжи преговорите со челниците на „росоњерите“ во врска со продолжување на деоговорот и останување во Милан.


Шефилд Јунајтед се врати во Премиер лигата

Екипата на Шефилд Јунајтед од наредната сезона повторно ќе игра во Премиер лигата. На две кола пред крајот на Чемпионшип лигата, тимот на Шефилд ја совлада екипата на ВБА со 2:0 со што обезбеди враќање во елитата.

Претходно Барнли на гостински терен со 1:0 го совлада Блекбурн и стана шампион на Чемпионшип со што директно се пласира со Премиер лигата.

За четири места кои водат во баражот за промоција до крајот ќе се борат 8 екипи, бидејќи Лутон и Мидлзборо веќе го осигураја својот настап во бараж.


Јанг Бојс ја освои титулата во Швајцарија

Екипата на Јанг Бојс е нов шампион на Швајцарија. Тимот од Берн и покрај поразот од Грасхоперерс, успеа на шест кола пред крајот на првенството да стигне до шампионскиот трофеј.

Ова е 16-та титула во историјата на Јанг Бојс, кој во наредната година ќе игра во квалификациите за Лигата на шампиони од првото коло.

Екипата ќе има можност до крајот на сезоната да освои уште еден трофеј, бидејќи во финалето на купот кој се одржува на 4.јуни ќе игра против Лугано.


Ливерпул се распрашува за Николо Барела

Фудбалерот на Интер, Николо Барела ќе биде трансферна цел на Ливерпул во текот на летото, најавија дел од медиумите во Италија.

Во исто време и 26-годишниот фудбалер вели дека би сакал да замине на стадионот – „Енфилд“. Неговата цена на трансфер – пазарот е околу 70 милиони евра.

Барела во дресот на „нероаѕурите“ има одиграно 42 меча со ефект од осум голови и седум асистенции.


Лапорт заминува од Сити во летниот преоден рок

Емерик Лапорт вели е подготвен да го напушти составот на Манчестер Сити бидејќи не е задоволен од минутажата што ја добива од тренерот, Пеп Гвардиола.

Фудбалерот сака во текот на летото да се пресели во редовите на Барселона и за тоа е подготвен да прифати и намалување на платата.

28-годишниот централен дефанзивец на „граѓаните“ сега заработува по 6,5 милиони евра по сезона.


Турчинот Сојунчу на пат кон Мадрид

Фудбалерот на Лестер, Чаглар Сојунчу, кој има договор до крајот на сезоната може да добие понуда да се пресели во редовите на Атлетико Мадрид, открива весникот „Атлетик“.

26-годишниот централен бек беше клучен играч на „лисиците“ во претходната сезона но, во тековнава има само седум настапи во сите натпреварувања.

Турскиот интернационалец изјави дека нема да прифати понуда за нов договор и дека сака да го напушти стадионот „Кинг Пауер“.


Њукасл застана во редот за Хрватот Брозовиќ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ.

Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ. Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.

Најсилен интерес за Брозовиќ покажува Њукасл, кој игра одлично во Премиер лигата и е на добар пат да избори пласман во Лигата на шамиони.

Њукасл е спремен да понуди 30 милиони евра, но треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Хрватот интерес покажува и ПСЖ, кој исто така спрема понуда.