фудбал

Пети откри што му треба на Арсенал за да биде компетитивен и во ЛШ

Арсенал има одлична сезона која може да биде крунисана со лигашка титула, но дури и тоа да не се случи клубот од Лондон дефинитивно ќе ја оствари главната цел, пласман во Лигата на шампионите за натпреварувачката 2023/2024.

„Топчиите“ паметно ја градеа екипата во изминатите преодни рокови и дефинитивно ќе повлечат уште некој потег на лето, а еден пред.лог за нив стигна од поранешниот француски репрезентативец, Емануел Пети. Пети е екс играч на Арсенал и како таков се радува на успесите на клубот, па според него Микел Артета и директорот Еду треба да донесат најмалку две нови имиња од кои едниот да биде Луис Данк од Брајтон.

„Според мене на Арсенал му е потребен уште најмалку еден централен дефанзивец и најмалку еден страничен фудбалери кој идеално некој што може да игра на двете страни. Бидејќи Арсенал ќе игра ЛШ наредната година потребна им е длабочина во одбраната“, рече Пети.


Нагелсман патува во Лондон на преговори со Челзи

Јулијан Нагелсман, наскоро ќе патува во Лондон на состанок со раководството на Челзи.

Нагелсман, кој беше отпуштен од германскиот шампион на крајот на март, е меѓу главните кандидати да го преземе кормилото на Челзи на лето.

„Билд“ пишува дека Боели е подготвен да му ги исполни сите желби на поранешниот стратег на Баерн Минхен и да му го доведе на Германецот новиот проект на клубот.

Нагелсман наскоро ќе има средба со раководството на „сините“ каде ќе ги претстави својот проект и визии за тимот.


Ди Марија преговара за останување во Јуве уште една сезона

Анхел ди Марија потврди дека преговара со Јувентус за продолжување на договорот. Аргентинецот пристигна минатото лето и потпиша договор само на една година бидејќи планираше да се врати во татковината.

Меѓутоа, после одличната сезона во дресот на „старата дама“, Јувентус му понуди нов договор, а тој потврди дека е среќен во Торино.

„Преговараме за нов договор. Среќен сум тука. Ја чувствувам љубовта на фановите после тешкиот почеток“, изјави Ди Марија.


ПСЖ го носи Осимен како партнер на Мбапе за следната сезона

Приоритет на ПСЖ во летниот преоден рок ќе биде ѕвездатаНаполи, Виктор Осимен.

Осимен се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи, а приоритет на ПСЖ во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.

ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, иднината на Меси е неизвесна, па е во потрага по класичен напаѓач, кој ќе биде идеален партнер за Мбапе. Наполи сигурно нема лесно да се откаже од него, особено после ваква одлична сезона.

ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата и верува дека понудата од 120 милиони евра ќе биде доволна да го убеди Наполи да го пушти Осимен.


Австриецот Лајмер од следното лето се сели во Минхен

Баерн Минхен го обезбеди своето прво засилување за следната сезона. Станува збор за играчот од средниот ред ма РБ Лајпциг, Конрад Лајмер кој го потпиша својот договор со Баварците, објави Билд.

25-годишниот Австриец се обврза на договор до летото 2027 година. Тој во Минхен доаѓа како слободен играч од РБ Лајпциг.

Поранешниот тренер на Баварците Џулијан Нагелсман беше заинтересиран за потписот на Лајмер, а клубот дури и се обиде да го ангажира минатото лето.


Баерн го суспендираше Садио Мане по инцидентот со Сане

Напаѓачот на Баерн, Садио Мане е привремено суспендиран од првиот тим по тепачката со Лерој Сане, информираше „Билд“.

Според изворот, денеска, управата на Баерн имала разговор со играчите кои започнале тепачка по убедливиот пораз во натпреварот од Лигата на шампионите со Манчестер Сити (0-3). Мане ја призна вината и рече дека ќе ја разбере секоја одлука на раководството. И покрај ова, Сенегалецот беше отстранет од главниот тим. Претходно беше објавено дека Баерн разгледува три главни опции за казна за Мане: парична казна, суспензија и разделба со играчот. Самиот Мане денеска веќе пристигна во тренинг центарот во Минхен. Забележано е дека играчот бил добро расположен и се насмевнал. Баерн денеска го очекува Мане да му се извини на тимот.

Да потсетиме, Мане го удри во лице својот соиграч Лерој Сане по четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Манчестер Сити, по што Сане имаше посекотина на усната.


Олимпијакос се раздели со Хамес Родригез

Колумбиецот во септември дојде како слободен играч во Атина, но Олимпијакос одлучи сега да го раскине договорот со Колумбиецот. Не е тајна дека Родригез и во овој клуб имаше проблеми, со неговиот темперамент правеше проблеми.

Олимпијакос му се заблагодари и му посака се најдобро во понатамошната кариера. Кариерата на Родригез веќе неколку години е во пад и вистинско прашање е каде сега ќе заигра по оваа неславна епизода.

За Олимпијакос постигна пет голови и додаде шест асистенции.


Барса и Интер преговараат за трампа Ансу Фати – Брозовиќ

Барселона и Интер би можеле да направат голема трампа на лето.

Барселона го обновила интересот за Марсело Брозовиќ и сака да го донесе на лето. Брозовиќ има лоша сезона па Интер сака да се ослободи од неговата висока плата и е спремен да прифати трампа.

Уште во јануари двата клуба преговараа за евентуална трампа во која што требаше да биде вклучен Франк Кеси, но сега Интер покажува сериозен интерес за Ансу Фати.

Фати не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината, а Интер покрај Брозовиќ е спремен да плати и одредена сума во кеш.


Милан загреан да го доведе Самуел Чуквуезе

Милан покажува силен интерес за нигерискиот напаѓач од Виљареал, Самуел Чуквуезе, пренесува „Калчомеркато“.

23-годишниот крилен напаѓач минатата сезона беше хит во Лигата на шампиони, а и оваа сезона игра одлично во дресот на Виљареал. Чуквуезе сака да направи чекор напред во кариерата и ова лето да ја промени средината, а неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

Милан сака да ја победи конкуренцијата бидејќи е во потрага по десно крило и смета дека Чуквуезе одлично ќе се вклопи во стилот на Пиоли.

Нигериецот оваа сезона има постигнато 13 гола и 11 асистенции, а Виљареал за неговата слобода бара 40 милиони евра.


Мане го напушта Минхен по само една сезона

Садио Мане сака да го напушти Баерн Минхен по само една година!

Мане не ги исполни очекувањата, а посебно не е во форма по тешката повреда пред Мундијалот во Катар. Откако се врати во 2023 година во главно влегува од клупата за резерви и на девет натпревари не постигна гол, забележа само една асистенции.

Медиумите пишуваа и дека влегол во жесток конфликт со Лерој Сане по поразот од Манчестер Сити, наводно дури и го удрил (тука).

Денес по овој инцидент се појави информација дека соблекувалната на Баерн била многу изненадена од неговиот потег бидејќи никој не очекувал дека така може да реагира. Новинарот Флоријан Плетенберг кој важи за добро информиран кога во прашање е Баерн не очекува Мане да остане во клубот и наредната сезона.

„Баерн Минхен едноставно не може да прифати такво однесување. Обичната казна не е доволна, клубот сака да постави пример и предупредување за останатите. Со Тухел сакаа да добијат тренер кај кого ваквите работи нема да бидат можни. Чисто се сомневам дека Мане има иднина во Минхен и наредната сезона“, објави Плетенберг.