galerija

Евротип продолжува со доделување на јубилејни награди


Компанијата Евротип која е дел од КС Групација и која успешно опстојува на македонската бизнис сцена веќе 10 години, минатиот месец започна со доделување на плакети и награди за своите вработени кои се дел од компанијата од самиот почеток.

Овој месец е посветен на Христијан Деловски кој е креатор на специјалните игри во понудата на Евротип. Тој го започнува своето работење во компанијата во секторот понуда и авторизација, а после одделувањето на овој сектор во два посебни сектори Христијан останува да работи во секторот понуда.Како посветен и лојален вработен кој амбициозно чекори низ деловниот процес на Евротип пред една година е унапреден со ново работно место и станува одговорен на анализа и контрола на понуда и авторизација.На прашањето „Каде се гледа после 10 години?“ – Христијан гордо одговара дека се гледа како дел од КС Групација.

КС Групација му честита за јубилејната награда на својот вработен Христијан Деловски, му се заблагодарува за неговиот придонес кон работата и му посакува уште долги години на соработка и заеднички раст.


Евротип ги награди своите вработени за нивниот 10 годишен работен јубилеј

Евротип компанијата која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години и е дел од КС Групацијата започна со доделување на јубилејни награди за своите вработени.

Лојалноста и посветеноста на вработените се непроценливо богатство за секоја компанија, а Евротип може да се пофали со голем број вработени кои ја градат својата кариера во компанијата и придонесуваат за нејзин раст и развој.

Во текот на месец март претставници од менаџерскиот тим на компанијата организирано ги посетија организационите единици во Прилеп, Битола, Кичево и Кавадарци во кои имаат вработени со 10 годишен стаж. Десет години лојалност и посветеност кон компанијата не е само број туку вистински израз на приврзаност на вработените кон самата компанија.  На вработените од Прилеп – Влатко Стојаноски, Николина Ѓоргиеска, Грозданка Мазароска, Драгиш Димоски, Љупка Коста, Деан Наумоски, Анета Талеска и Јасмина Јошеска, Битола – Даниела Тодорова, Светлана Митровска, Ана Митковска и Билјана Зајковска, Кичево – Маријана Данилоска, Снежана Николоска и Николина Панделеска, и Кавадарци – Павлинка Димова и Пенелопи Гурева кои се дел од компанијата од нејзиниот почеток Евротип им додели плакети, парични  награди и вредносни ваучери кои можат да ги искористат во Голд Фелициа, ЈК Травел или Минт ИНС, како знак на благодарност за нивната посветена работа и вложен труд во деловниот процес на компаниското работење. Вработените се лицето на компанијата кое е видливо за клиентите и надворешниот свет. Ниту една компанија не би можела да опстои на пазарот без вработени кои веруваат во вредностите на компанијата.

Евротип како општествено одговорна компанија исто како и останатите компании од КС Групацијата – Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт ги цени и вреднува своите вработени.

Нивната посветеност, лојалност, професионализам и ентузијазам се вредности кои го прават нашиот тим посилен и поуспешен.

Евротип им честита за јубилејните награди на своите вработени, им се заблагодарува за нивниот придонес кон работата и им посакува уште долги години на соработка и заеднички раст.


На 1ви март Евротип беше присутен со свој штанд на Струмичкиот Карневал.

Овој настан беше прилика нашата компанија маркетиншки да се претстави пред струмичката јавност, како и пред гостите од регионот и пошироко.

Нашата маскота и хостесите се прошетаа низ морето на маски со што оставија белег за присуство на карневалот како и промоција на својот бренд.


Евротип учествуваше во панел за женското здравје!

Евротип компанија која е дел од КС Групацијата, позитивно одговори на поканата да биде дел од панел дискусијата на тема “Здравјето на жената и бременоста”, која се одржа во Хотел Стоун Бриџ во Скопје. Овој настан имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на здравјето на жената и да обезбеди простор за размена на искуства и совети од стручни панелисти.

Како компанија која се грижи за благосостојбата на своите вработени Евротип организираше група на вработени од Скопската Групација да присуствуваат на ова предавање. По завршувањето на панел дискусијата, следеше неформална кафе дружба, која им овозможи на вработените подобро да се запознаат и да разменат идеи и искуства во опуштена атмосфера. Ова беше одлична прилика за подобрување на тимската соработка меѓу вработените.


КС Групација ја спроведе 14 крводарителска акција

КС Групација во чиј состав влегуваат компаниите Евротип, Голд Слот, Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт успешно ја спроведе 14-та крводарителска акција од отворен тип.
На крводарителската акција која се одржа во канцелариите на КС Групација во Битола се собраа 39 крвни единици.

Оваа крводарителска акција како и сите предходни поттикна голем интерес кај вработените од самата Групација. Кон крводарителската акција се приклучија и вработени од Минт Финтек Груп.

Со редовното организирање на крводарителски акции КС Групацијата сака да даде личен пример за зголемување на свеста кон дарувањето на најдрагоцената течност која живот значи.
Со донирањето на крв можат да се спасат човечки животи, а и се обезбедуваат потребните залихи на крв за хитни медицински ситуации.

Менаџерскиот тим на групацијата истакна дека ќе продолжи со организирање на крводарителски акции и во иднина бидејќи донирањето на крв е од витално значење за цело општество.


Евротип и МКК Куманово го официјализираа договорот за соработка.

Спортските обложувалници Евротип кои се дел од КС Групацијата,  ја официјализираа соработката со кошаркарскиот клуб МКК Куманово.

Официјалното потпишување на договорот за спонзорство се случи пред саботниот натпревар од првата македонска лига помеѓу домаќинот МКК Куманово и КК Кожув.

На истиот присуствуваа претставници од раководството на кумановскиот клуб и од компанијата Евротип.

На потпишување на договорот беше направена и промоција на новите клубски дресови на кои стои логото на Евротип. Публиката која беше присутна на натпреварот беше пријатно изненадена со бројни награди кои им ги додели менаџерката за Куманово на Евротип Јелена Шутевска.

Евротип без сомневање ќе биде сојузник на МКК Куманово на патот кон идни успеси во кошарката.


Евротип е горд спонзор на кошаркарскиот прволигаш МКК Куманово.

Како редовни поддржувачи на локалниот спорт Евротип ја вреднува посветеноста и амбицијата на овој тим. Со заеднички сили ќе продолжиме да растиме и да достигнуваме нови височини!

Дојдете заедно да го бодриме тимот на следниот натпревар!


Евротип и Голд Слот поддржувачи на големиот верски празник Водици!

Евротип и Голд Слот како општествено одговорни компании кои влегуваат во состав на КС Групацијата заедно со компаниите Голд Фелициа, Премиум Сејфти Солушн, 77 Ентертејмент и 77 Софт традиционално го поддржаа наградувањето на среќните “фаќачи” на светиот крст во повеќе градови.

Во Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Струга и Тетово им се доделија пригодни подароци на најсреќните учесници во традиционалното фрлање по крстот кое се организира по повод големиот верски празник Водици.

Генералниот менаџер на Голд Слот Иванчо Митровски заедно со регионалниот менаџер Благој Наумовски и раководителот на маркетинг секторот Елена Трајчевска подарија златен крст на Павел Димовски кој го фати осветениот крст во црквата Св.Богородица во Битола.

Во црквата Св.Недела генералниот менаџер на Евротип Илија Илиевски заедно со менаџерката Магдалена Ристевска и Марија Бошевска од човечки ресурси подари ја телевизор на Александар Талевски кој беше најсреќен меѓу сите кои оваа година се фрлаа по крстот во битолската црква.

Регионалниот менаџер Влатко Стојаноски на среќниот “фаќач” на крстот во Прилеп Бобан Тошески во име на КС Групација му подари икона и телевизор.

Менаџерите на Кавадарци – Дончо Коцев, Велес – Лучијано Чорев, Струга – Сашо Блажевски и Тетово – Александар Богдановски му подарија телевизори на најсреќните од осветените води во тие градови.

КС Групација им честита на среќните добитници и им посакува светиот крст да им донесе здравје и среќа.


КС Групацијата ја продолжува својата мисија за поддршка на образованието

Битола, ноември 2024 – КС Групација, повторно демонстрирајќи ја својата посветеност кон грижата за унапредување на општеството и отворање на нови можности за младите, на пригодна свеченост во срцето на Битола, ја претстави својата програма за стипендирање и додели признанија на минатогодишните стипендисти за нивните извонредни академски достигнувања.

На церемонијата беа доделени стипендии и пофалници на студентите Валентин Стојановски и Петар Митревски од Факултетот за информациски и комуникациски технологии, Анамарија Крстевска и Анастасија Велевска од Меѓународен Славјански Универзитет, како и на средношколецот Марко Зајков од СОУ „Јане Сандански“.

Посебно внимание привлече доделувањето на стипендијата на Ивана Атанасовска, студентка на Мехатроника при Техничкиот факултет во Битола, која ја започна својата прва година на студии.

„Како добитничка на стипендијата, чувствувам огромна благодарност и мотивација да продолжам да ги истражувам моите интереси во областа на мехатрониката. Студиите на Техничкиот факултет ми нудат можност да се здобијам со напредни знаења и вештини кои ќе ми помогнат да го достигнам својот целосен потенцијал. Стипендијата не е само финансиска поддршка, туку и поттик да продолжам да работам напорно и да ги остварам моите професионални и лични цели, воедно и да се вработам во КС Групацијата,“ изјави студентката Атанасовска.

Програмата за стипендирање на КС Групацијата е дел од долгорочната стратегија за поддршка на образованието и младите таленти во Македонија.

Како дел од своите активности, КС Групацијата активно работи на различни иницијативи кои имаат значително влијание врз општеството. Меѓу нив се спонзорирањето на спортисти и спортски тимови, организирање и поддршката на спортски турнири и настани, како и модернизирањето на училиштата преку обезбедување на современа опрема.

Дополнително, Групацијата вложува во здравството преку донации на медицинска опрема за болници и клиники, како и организирање на крводарителски акции во соработка со Трансфузиологија и Црвениот крст на Битола.

Кампањите за подигнување на здравствената свест со фокус на превентивната заштита, поддршката на уметниците, културните организации и македонската музика, како и менторството на ученици и студенти, се исто така уште еден сегмент кадешто се вложува во унапредување на општеството.

Финансиската директорка на КС Групацијата, Ивона Шурбевска, порача дека поддршката на младите е инвестиција во иднината на општеството.

„Горди сме што преку оваа програма можеме да им помогнеме на талентираните ученици и студенти да ги остварат своите цели. Корпоративното портфолио од  хетерогената структура убедени сме дека претставува предност во деловниот свет, каде што на едно место се спојуваат различни интелектуални идеи, искуства и знаења.Брзината на нашиот успех е резултат на нашата посветеност и она што сакаме да го постигнеме.Предизвик не е да се избере најдобрата инвестиција, предизвик е да се избере вистинската.Луѓето пред сѐ, заедно можеме повеќе, е мотото коешто не обединува и води кон заедничките цели, истакна Шурбевска.

Компаниите кои се дел од КС Групацијата и активно придонесуваат кон реализацијата на овие проекти се: „Агроброд“, „Евротип“, „Голд Слот Клуб“, „Голд Фелициа“, „77 Ентертејмент “, „Премиум Сејфти Солушн“ и „77Софт“.

Маркетинг директорката Елена Трајчева упати благодарност до вработените, со посебно признание за нивните неуморни заложби до Благој Наумовски, Ивона Тасевска, Дејан Војводиќ, Магдалена Ристевска, Христијан Брсакоски, Александар Златановски, Билјана Јанчева, Виктор Новков, Стефан Стефановски, Јелена Шутевска и Валентина Серафимовска.

„Без задршка го јакнеме капацитетот на нашата Групација и константно се мотивирани да допринесуваме за нашето општество. Веруваме дека ваквите проекти претставуваат пример за корпоративна општествена одговорност и поттик за сите компании да вложуваат во образованието и младите. КС Групацијата ќе продолжи да работи посветено на создавање можности за младите и да го јакне општествено-економскиот развој на земјата,“ истакна маркетинг директорката Елена Трајчевска.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заедно со останати еминентни личности од државата кои се соработници и поддржувачи на КС Групацијата.

Повеќе информации за програмата за стипендирање и другите активности на Групацијата може да се најдат на веб-страницата: www.ksgroup.mk.


КС Групација ја претстави својата програма за стипендирање пред студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет – Битола

Во текот на оваа работна недела, пред студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет – Битола. беше успешно претставена програмата за стипендирање на КС Групација. Презентацијата на програмата се одвиваше во текот на цела работна недела, а се со цел да се информираат што поголем број од студентите за можностите кои ги нуди самата програма за стипендирање. Студентите со голем интерес ги следеа презентациите и изразија задоволство за можноста одблиску да се запознаат со придобивките што ги нуди оваа програма за стипендирање.

Во текот на презентацијата, претставниците на КС Групација ја презентираа визијата на компанијата за поддршка на студентите, како и значењето на образованието за идниот успех. Програмата за стипендирање е наменета за студентите кои покажуваат “апетит” за академско знаење и желба за професионален раст и развој. Оваа програма им нуди на студентите не само финансиска поддршка, туку и можности за пракса, менторство како и вработување во рамките на КС Групација.

Студентите беа запознаени со условите за аплицирање, процесот на селекција, како и со различните типови стипендии кои ги нуди самата програма.
Дел од промоцијата на програмата за стипендии беше и презентирањето на успешни приказни од тековни стипендисти на КС Групација, кои ова лето беа дел од практикантската програма која се одвива во рамките на канцелариите на КС Групација.

Настанот заврши со интерактивна сесија на прашања и одговори, при што на студентите им се дообјаснија сите детали околу самата програма за стипендирање преку која КС Групацијата станува нивни сојузник на патот кон нивниот кариерен развој.

Не ја пропуштајте оваа единствена можност да ја остварите својата академска и професионална визија со поддршка од КС Групација!
Повеќе информации за програмата за стипендирање на КС Групација дознајте на следниот линк https://klubsport77.mk/stipendii/