galerija

Битолски браќа успешни на меѓународниот натпревар “Алексо Огненовски” во бокс

Битолските Боксери Браќата Ален Рустемовски и Ружди Рустемовски кои се Репрезентативци на Боксерската Федерација на Македонија настапија на Меѓународниот натпревар “Алексо Огненовски” кој се одржа во Охрид.
На натпреварот учество зедоја повеќе Европски Држави: Германија, Шведска, Швајцарија, Албанија и Една Африканска земја Еритреа. Ален Рустемовски настапи во Јуниоркса конкуренција до 57кг.
А, Ружди Рустемовски исто така настапи во Јуниорска конкуренција до 66кг.
Двата Боксери беа подобри од своите противници, Ален Рустемовски против Сухејб Матраку победа со прекин во првата рунда.
Ружди Рустемовски против Сајди Беголи убедлива победа на поени 5:0.
Двата се закитија со Злато, а Ален Рустемовски беше прогласен за најдобар Македонски Боксер на турнирот.
Нивниот тренер Јове Петровски Оцо е многу задоволен како боксерите настапија на овој турнир.
Наша следна цел е “Златна Војводинска Нараквица” за која се зборува дека е “мало светско првенство” со оглед на тоа дека доаѓаат земји од сите континенти.
– “Пред се да ја искористиме оваа прилика да му се заблагодариме на луѓето кои колку можат ама искрено не подржуваат”:
Евро Тип обложувалници
Голд Слот
Портал Кафе
Сендвичара Кико
Роса Вита Аптеки
– велат од клубот.


Одлично одигран добитен тикет и заработен Евро Бонус од 107 %

Играч во обложувалница на Евротип во Штип, состави одличен добитен тикет на кој успеа да погоди 16 парови од фудбалски и кошаркарски натпревари со коефициент 1643.52, при што со уплата од 200 денари стана добитник на вкупно 578.384 денари.

Интересен е фактот што добиениот Евро Бонус на добитната комбинација изнесува фантастични 107%, односно 351.713 денари, износ кој е повисок од основната добивка.

Ова е одличен пример за тоа колку се привлечни и високи бонусите кои ги доделуваат обложувалниците Евротип. Големо браво за добитникот и неговата умешност во уплатата.


Евротип и Еурофарм Пелистер конечно заедно кон нови победи!

Синоќа во Голд Фелиција во Битола со гламурозна церемонија беа претставени двете екипи од семејството Еурофарм Пелистер за сезоната 2022/23, на која беа прусутни покрај ракометарите, спонзорите на клубот, пријателите, поранешни ракометари, новинари.


Пред клупските спонзори, партнери и новинарите беа претставени седумте нови ракометери во Битола, кои зборуваа за нивните први импресии во Битола, а сите рекоа дека сакаат да се заблагодарат за поканата да бидат дел од клубот, и да бидат дел од оваа екипа, а секако од градот, Битола, кој е познат како ракометен град.
Добро се знае дека Битола е ракометен град тогаш Спортските обложувалници Евротип како еден од најголемите поддржувачи на спортот и спортските настани е битолски бренд кој ќе придонеси во успесите на Пелистер. Евротип е придавката која недостасуваше за успех во европските натпреварувања, а заеднички се надеваме дека ќе славиме и титула во македонското првенство и купот.
Евротип и Пелистер конечно заедно кон нови победи!

Се кладиме дека ова ќе биде успешна сезона!


Евротип со поддршка на 15-от традиционален турнир во мал фудбал!

Петнаесет години традиција, јубилеен турнир во мал фудбал 8-ми септември по повод славењето на денот на независноста.
Турнир на кој ќе заземат учество повеќе од 60 екипи со преку 600 натпреварувачи.
Евротип се тука да ја поддржат традицијата и да го поттикнат спортскиот начин на живот.
Радува податокот дека секоја година се пријавуваат се повеќе екипи од повеќе општини од Скопје и од Македонија. На овој турнир ќе настапи и ЕВРОТИП составен од наши колеги, вработени во Скопје.

Спортските обложувалници Евротип и понатаму продолжуваат со поддршка на спортските настани и активно земаат учество во истите, со цел промоција на спортскиот дух и спортскиот начин на живот.


Атлетик Билбао му „зеде“ добивка од 4 милиони денари

Обложувач од Пирок, Општина Боговиње својата среќа ја побара во составување на тикет со 17 парови фудбалски натпревари кој пред десет дена го уплати во обложувалницата Евротип, и беше во игра за добивка се до вчерашниот ден. Тикетот беше одигран со Евротип Клуб Картичка што ја направи неговата потенцијална добивка за 4 милиони денари поради ЕвроБонусот.

Овај тикет можеше да биде еден од оние кои носат огромна добивка и шанса за голема среќа. Меѓутоа на патот до таа среќа и добивка застана шпанскиот Атлетик Билбао (особено голманот Рајковиќ) кој не успеа да слави победа на домашен терен против Мајорка, и со тоа одиграниот „кец“ остана единствениот промашен тип на тикетот.

На нашиот играч од Пирок му посакуваме да продолжи со составувавање на вакви тикети и во иднина, кои сигурно во еден момент ќе му ја донесат посакуваната добивка.


Арнаутовиќ сака да ја напушти Болоња

Напаѓачот на Болоња Марко Арнаутовиќ наводно побарал од клубот дозвола за заминување бидејќи очекува нова понуда од Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за ангажирање на 33-годишниот австриски фудбалер бидејќи сака појачување во нападот, па Арнаутовиќ побарал од клубот да биде ставен на трансфер листа, но челниците на клубот не се согласни.

Понудата од Јунајтед до Болоња изнесува околу 8 милиони евра, а на Арнаутовиќ му се нуди тригодишен договор со плата од три милиони евра по сезона.


Аспиликуета потпиша нов договор со Челзи, трансферот во Барса нема да се реализира

Челзи го возвраќа ударот кон Барселона, откако беше обелоденето дека Цезар Аспиликуета нема да се пресели на Ноу Камп ова лето. Иако во следната сезона шпанскиот репрезентативец беше „виден“ во дресот на Барса, преговорите траеја долго, па на крајот тој реши да остане во Челзи. Така успеаа на Стемфорд Бриџ да го убедат да остане и да потпише нов договор на две години.

Чави мислеше дека со доаѓањето на Аспиликуета ќе ја комплетира одбраната по свој вкус, но, како што оценува „Мундо Депортиво“, успеа тактиката на менаџерот на Челзи, Томас Тухел, кој во секоја прилика изјавуваше дека шпанскиот дефанзивец е еден од неговите клучни играчи и како не може да го замисли тимот на сините без него.

Германецот беше доволно уверлив да го убеди Аспиликуета за да ја одбие понудата на Барселона и со капитенската лента на раката да одлучи да го води Челзи уште две сезони. Шпанецот дојде на Стемфорд Бриџ во 2012 година и слави цела деценија во клубот. Останувањето на Аспиликуета донесе мало олеснување во таборот на Челзи, бидејќи одбраната веќе е „растурена“ во споредба со лани поради заминувањата на Антонио Ридигер во Реал Мадрид и Андреас Кристенсен во Барселон


Евротип и Голд Слот дел од спонзорите на меѓународниот фудбалски турнир за деца во Могила

Од 17-ти до 19-ти Јуни во општина Могила се одржа меѓународниот турнир во фудбал за деца – “Еден на Еден Могила Куп”.

На турнирот зедоја учество дури 72 екипи од 6 генерации или вкупно над 1000 деца од Македонија, но исто така од Србија, Албанија и Грција.

Спортските обложувалници Евротип и Голд Слот клубовите беа едни од главните поддржувачи на овој турнир со цел развивање на натпреварувачкиот дух и спортските навики кај младите генерации.


Евротип на „Пикник у Пелинце“

Многу музика, бројни диџеи, природа, чист воздух, многу забава и многу добивки од Евротип за присутните на настанот „Пикник у Пелинце“, кој се одржа во саботата во Пелинце, кумановско.

Евротип беше дел од овој настан, каде заедно со присутните придонесоа за уште подобра забава, со интерактивни игри, пронајди го кошот, ваучери, како и клуб картички кои беа предизвик за сите присутни.

Настанот започна точно на пладне во 12:00 часот, а заврши доцна во ноќта. Посетители имаше од сите краишта на државата, а Евротип како поддржувач на вакви настани, каде акцентот е ставен на младите и нивното урбано живеење продолжува и понатаму.


ФК Црно Буки ЗЛ е освојувач на Купот на ОФС Битола

Членот на Македонската Трета Лига-Југозапад, фудбалскиот клуб Црно Буки ЗЛ, е овогодишен освојувач на трофејот во Купот организиран од Општинскиот фудбалски сојуз Битола.

Играчите на Црно Буки ЗЛ во финалниот натпревар кој се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола беа поуспешни од екипата на ФК Кравари. Финалниот дуел во регуларниот дел заврши со резултат 1:1, а поуспешни во изведувањето на пеналите беа играчите на Црно Буки кои славеа со 4:2.

Претседателот на клубот Тодорче Кочишки после натпреварот изрази големо задоволство од освојувањето на победничкиот пехар кој е прв позначаен трофеј во клупските витрини. Тој истакна дека планот на клубот за наредната сезона е пласман во Втората Македонска Фудбалска Лига.

Освојувањето на Куп титулата предизвика огромна радост кај сите навивачи и поддржувачи на клубот од Црнобуки. 

Еден од верните спонзори и поддржувачи на ФК Црно Буки ЗЛ се и спортските обложувалници Евротип кои подолг период ја помагаат работата на клубот. Овој успех е само потврда на големиот труд на раководните лица од клубот и сите членови на стручниот штаб и тимот. 

Евротип од своја страна ќе продолжи со поддршката и помагањето на Црно Буки ЗЛ и во иднина со надеж дека клубот и понатаму ќе постигнува одлични резултати.