Абаскал фаворит да го преземе Удинезе

35-годишниот фудбалски стратег, Гиљермо Абаскал, може да седне на клупата на италијанскиот состав Удинезе.

Тој има реална шанса да го наследи Фабио Канаваро кој доби отказ иако тимот од Удине успеа да се избори за опстанок во Серија „А“.

Претходно имаше информација дека шпанскиот тренер може да ја води Гранада но, тоа се покажа како шпекулација.