Албанецот Броја е желбата на новиот Милан на Фонсека

Милан е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Челзи, Армандо Броја, пренесуваат италијанските медиуми.

„Росонерите“ имаат одлична соработка со Челзи и минатото лето ги доведоа Лофтус Чик и Пулишиќ, а сега сакаат уште еден фудбалер на „сините“.

Милан е во завршни преговори за ангажман на Зиркзе, но сака да го ангажира и Броја бидејќи е напаѓач со различни карактеристики. 22-годишниот напаѓач минатата сезона запиша неколку настапи за Челзи и самиот сака да ја промени средината.

Двата клуба преговараат за едногодишна позајмица со право на откуп.