Анчелоти три недели без Џуд Белингам

Продолжуваат проблемите со повреди во Реал Мадрид, па сега во „болницата“ ќе се придружи и најдобиот фудбалер, Џуд Белингам.

Англичанецот заработи повреда на вчерашниот меч против Џирона, а денес му беа направени детални прегледи.

Реал денеска не прецизираше колку долго од теренот ќе отсуствува Белингем, а според шпанските медиуми, неговата рехабилитација ќе трае околу три недели.

„По извршените тестирања кои ги спроведе нашиот медицински тим констатирано е дека Џад Белингем го повреди зглобот и ќе мора да мирува“, се наведува во клупското соопштение.