Барела е сонот на Анчелоти ова лето

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за ѕвездата на Интер, Николо Барела.

Барела веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Реал е во потрага по играч за врска кој ќе биде наследик на Тони Крос, а Анчелоти го сака својот сонародник.

Реал спрема понуда од 80 милиони евра, но Интер ќе направи се, за да ја задржи својата ѕвезда.