Барса му го одзеде статусот на легенда на Дани Алвес

Дани Алвес со 43 освоени титули, најтрофејниот фудбалер во историјата, е осуден на четири и пол години затвор за силување. Барселона, клубот во кој го мина најголемиот дел од кариерата, реагираше со бришење на неговото име од листата на клупски легенди.

Да потсетиме, Алвес беше затворен во процесот во кој беше одлучено дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна жена во ВИП делот на ноќен клуб во Барселона.

Тој беше во притвор од 20 јануари минатата година, а судската постапка траеше до 7 февруари годинава. Петнаесет дена подоцна ја дознал пресудата.

На таа пресуда реагираше и Барселона. Алвес, кој за клубот одигра повеќе од 400 натпревари и со него освои се што е можно, повеќе нема статус на клупска легенда.

Во 125-годишната долга историја на клубот, 102 фудбалери кои го носеа дресот на Барса го стекнаа тој статус. Меѓу нив до неодамна беше и 40-годишен Бразилец.