Бензема добива нов договор, останува во Мадрид најмалку до 2024 година

Еден од најважните играчи на „кралевите“, Карим Бензема наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Францускиот напаѓач има право да преговара со други клубови, бидејќи влезе во последните шест месеци од актуелниот договор. Меѓутоа, 35-годишниот Бензема ги одбил сите други понуди и ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал и Бензема постигнале договор и наскоро Французинот ќе стави потпис на договор до 2024 година.

Бензема и следната сезоната ќе ира во „кралскиот“ клуб, а тоа ќе биде негова 15-та сезона на „Сантиаго Бернабеу“.